„Сè што ми треба е твојата среќа“ - Шакира во емотивно видео пее заедно со синовите, тие ѝ се лек за болката од Пике

„Сè што сакам е твојата среќа и да бидам со тебе. Твојата насмевка е моја слабост. Љубовта кон тебе ми служи како аналгетик за болката, прави да се чувствувам подобро...“, пее Шакира за синовите, по болната разделба со Жерар Пике, кој продолжи понатаму со друга жена.

se-shto-mi-treba-e-tvojata-srekja-shakira-vo-najemotivniot-spot-dosega-izveduva-pesna-zaedno-so-sinovite-01.jpg

Шакира ја објави новата песна „Acrostico“ во која пее заедно со своите синови и која е нејзиното најемотивно дело досега.

Таа на својот Инстаграм профил откри дека синовите Милан (10) и Саша (8) сами побарале да бидат дел од оваа композиција.

se-shto-mi-treba-e-tvojata-srekja-shakira-vo-najemotivniot-spot-dosega-izveduva-pesna-zaedno-so-sinovite-03.jpg

Песната им е посветена на нив, а изведбата најверојатно и вас ќе ве доведе до бура од емоции.

Шакира е пресреќна што тие ја наследиле љубовта кон музиката од неа.

se-shto-mi-treba-e-tvojata-srekja-shakira-vo-najemotivniot-spot-dosega-izveduva-pesna-zaedno-so-sinovite-02.jpg

Нејзината објава на Инстаграм гласи:

„Оваа година Милан напиша песни кои ме натераа да плачам од емоции и Саша мина часови и часови на пијано, откривајќи го својот глас.

Двајцата минуваа време со мене во студиото и откако ја слушнаа оваа песна, посветена на нив, ме прашаа дали може да бидат дел од неа.
Тие ја почувствуваа и ја изведоа самите за себе, со страст и емоции само на луѓе кои ја носат музиката во себе.

Милан и Саша, толку е убаво да видам како ги шират своите крилја за да почнат да ги реализираат нивните соништа.
Нема ништо што ме прави посреќна од тоа да бидам нивна мајка“.

Шакира во оваа песна пее:

„Сè што сакам е твојата среќа и да бидам со тебе. Твојата насмевка е моја слабост. Љубовта кон тебе ми служи како аналгетик за болката, прави да се чувствувам подобро. Тука сум за сè што ти е потребно и знам дека ти дојде за да го комплетираш тоа што сум јас“.

Спотот за новата песна:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меколи Калкин откри сладок семеен момент: „Син ми мисли дека тој е Кевин од Home Alone“ „Тој мисли дека е Кевин. Го прашувам – се сеќаваш ли дека си се лизгал по скалит...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg