„Тој е мизерна личност“ - Зошто Бен Афлек е најнесреќниот сопруг во Холивуд?
„Нервозен е затоа што сопругата не му дозволува да пие и да се дрогира и очекува од него да биде посветен сопруг и татко“.
„Бен Афлек раскина со Џеј Ло затоа што се бореше со тоа да биде во центарот на вниманието, па се ожени со Џенифер Гарнер и имаше мирен живот и деца, но се разведе поради злоупотреба на супстанции, па пак се смири со Џеј Ло, како да мислеше дека претходните проблеми ќе исчезнат и пак е во фокусот на вниманието, а не е подготвен за тоа, па сигурно затоа и ќе се разведе“.
„Бен Афлек е мизерна личност без разлика со кого е и сè додека не се среди себе и не се исчисти, тој ќе ги повторува истите грешки. Не е до жените, до неговите внатрешни демони е“.
„Мислам дека има средовечна криза, дека дневните рутини му се здодевни, му недостигаат ергенските денови, да останува до доцна, да гејма, да пие до сабајле, да оди во стриптиз клубови и да се дружи со девојки во 20-тите.
Животот во брак со деца не е лесна работа и Бен, за да го оттргне умот од тоа, почна да злоупотребува супстанции“.
„Тој е нарцисоиден лик со проблеми со алкохолот, кој не сака да се соочи со своите проблеми“.
С. С. | Црнобело