Албанија прва влезе во финале, Словенија последна – Познати новите 10 финалисти на Евровизија 2023
- Детали
- четврток, 11 мај 2023
Албанските преставници Албина и фамилија Келменди се првите што обезбедија учество на финалната вечер на Евровизија 2023. Погледнете кои земји одат понатаму?
Вечерва се одржа втората полуфинална вечер од Евровизија 2023. На сцената настапија уште 16 земји учеснички кои се надеваа дека ќе обезбедат пласман во големото финале што ќе се одржи во сабота (13.05).
Од земјите во соседството вечерва настапија Грција, Словенија и Албанија, а Македонија годинава не настапува на престижниот музички настан.
Претставничките на Австрија Теја и Салена „го оживеаја“ познатиот писател Едгар Алан По на сцената, Словенците „Џокер Аут“ ги украдоа воздишките на голем број дами ширум светот.
This is going to be stuck in my head ALL NIGHT 🇦🇹#eurovision2023 #eurovision
— flare⸆⸉ (@EurovisionFlare) May 11, 2023
pic.twitter.com/ozXisJNl3c
Посебно привлече внимание и театарот со драг кралици што беа облечени во слични аутфити како трите водителки на Евровизија, кои настапија додека се исчекуваа резултатите од гласањето.
#EUROVISION2023 summary;
— Anita (🏝️🩵) (@makeitin2art) May 11, 2023
We love you Hannah pic.twitter.com/LPWUyD72xL
Албанија е првата земја што влезе во финале, по неа влегоа Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија, Ерменија и Словенија.
Albania coming for the best result in Eurovision 🇦🇱 #Eurovision #Eurovision2023 pic.twitter.com/qydlDIRojn
— ramadan 🇦🇱 (@ESC_Ramadan) May 11, 2023
Како што може да се забележи, грчкиот претставник не успеа да обезбеди учество во финалето.
Заедно со останатите 10 земји што обезбедија пласман во вторникот и шесте земји што директно одат во финалето, на сцената во сабота ќе настапат вкупно 26 земји.
Б. С. Б. | Црнобело