Барала милионски хонорар за чување деца – Зошто Ванеса Брајант е во лоши односи со мајка ѝ по смртта на Коби?
- Детали
- сабота, 20 мај 2023
„Таа ме контактираше преку адвокати и ми побара 5 милиони долари, куќа и Мерцедес, затоа што 18 години ми ги чувала децата“ – рече Ванеса Брајант за мајка ѝ, Софија Лејн која бараше да ѝ се исплатат хонорари затоа што се грижела за внуките додека биле мали. Во какви односи се тие две?
Смртта на кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка Џиана ги погоди сите, а болката заради прерано згаснатите животи најмногу ја почувствува неговата сопруга Ванеса и другите ќерки.
По смртта на Коби, Ванеса мораше да се соочи со неколку правни борби, меѓу кои и нејзиното барање за забрана за објавување на фотографиите од местото на несреќата (каде извојува победа), но и со една малку побизарна тужба, заради која многумина останаа изненадени.
Непосредно по трагедијата, мајката на Ванеса, Софија Лејн поднесе тужба, затоа што, Коби пред смртта ѝ ветил дека ќе ѝ плаќа хонорар за да ги чува децата.
Софија барала хонорари од 96 долари на час, а наводно работела по 12 часа дневно во период од 18 години.
Софија и Ванеса се обиделе прво меѓусебно да го решат недоразбирањето, но потоа Софија дала интервју и поднела тужба, по што целиот свет дозна за нивните нарушени односи.
Таа во интервјуто раскажуваше како Ванеса ја избркала од дома, ѝ го земала автомобилот и ја оставила на улица.
„Претходно годинава, барав нов дом за неа и една недела подоцна таа излезе на телевизија и даде интервју со што го оцрни нашето семејство и даде лажни обвинувања, додека живееше бесплатно во обезбеден станбен комплекс во Њупорт Коаст.
Дури и откако ми заби нож во грб бев подготвена да ѝ давам пари на мајка ми до крајот на животот, но тоа не беше доволно. Таа ме контактираше преку адвокати – спротивно на тоа што тврди, јас не сум го променила бројот - и ми побара 5 милиони долари, куќа и Мерцедес“ – рече Ванеса.
Според Ванеса, мајка ѝ се обидувала на секој можен начин да изнуди пари од семејството, па барала хонорари затоа што го правела само тоа што секоја друга баба би го направила бесплатно.
Ванеса тврдеше дека не е точно дека мајка ѝ поминувала толку многу време со децата, туку дека само повремено ги гледала внуките.
„Вистината е дека повремено ги чуваше моите постари ќерки кога беа мали. Кога наполнија 10 години нашите деца беа ученици и спортисти, а јас добив друго дете дури во 2016-та година.
Јасно е дека тврдењата на мајка ми се лажни, но се обидував да го поправам односот со неа“ – рече Ванеса.
Во 2021-ва година Ванеса и Софија постигнале договор за тужбата, но сите услови и решенија се чуваат во најголема тајност.
По завршувањето на правната процедура Ванеса веќе не разговара со мајка ѝ и нивните односи во целост се нарушени.
Што се однесува до богатството на Коби, тоа директно отиде во рацете на неговите ќерки и на сопругата.
Б. С. Б. | Црнобело