Некогаш вистинска убавица, денес со изобличено лице - Мег Рајан првпат во јавност по шест месеци
- Детали
- четврток, 04 мај 2023
Мег Рајан секогаш негираше дека правела пластични операции, но уште во 2016-та година, пластичниот хирург Марк Јусуф го анализираше нејзиното лице и тврдеше дека таа направила неколку корекции...
Холивудската актерка Мег Рајан по шест месеци се појави во јавноста за да го поддржи својот пријател Мајкл Џ. Фокс пред премиерата на неговиот документарец „Still“.
Ова е прво појавување на Рајан во јавноста по ноември 2022 година, кога беше последен пат фотографирана на некој настан.
Мег, која долго време негираше дека правела пластични операции, овојпат беше непрепознатлива – со изобличено лице, мазна кожа и полни усни.
Уште во 2016-та година, пластичниот хирург Марк Јусуф го анализираше нејзиното лице и тврдеше дека таа направила неколку корекции, пишува „Daily Mail“.
Документарецот, пак, на чија претпремиера беше актерката, зборува за борбата со Паркинсоновата болест на Мајкл Џ. Фокс, и прикажува досега необјавени фотографии и видеа од неговиот приватен живот.
Мег освен што се фотографираше со Фокс и неговата сопруга, актерката Трејси Полан, таа направи фотки и со нејзините пријатели, актерот Бил Мареј и музичарот Елвис Костело.
Рајан, која долго време не снима филмови, во 2022 година најави дека ќе се врати во Холивуд и дека ќе глуми, но и ќе го режира филмот „What Happens Later“.
А. Ј. | Црнобело