„Пак би имала секс со Бред Пит, го откачив Леонардо ди Каприо“ – Гвинет Палтроу раскажа за поранешните љубовници
- Детали
- четврток, 04 мај 2023
„Со Бред имавме неверојатна хемија во сексот, а Бен беше техники одличен во кревет. Уф, не ми се верува дека ќерка ми го слуша ова“, рече Гвинет Палтроу во поткастот на Алекс Купер, каде што одговараше на прашања поврзани со нејзиниот љубовен живот и поранешните љубовници.
Оскаровката Гвинет Палтроу беше гостинка во поткастот на Алекс Купер „Call Her Daddy“ каде што зборуваше за својата кариера, но и за поранешните мажи во нејзиниот живот.
Таа одговараше на различни прашања, па откри кој е подобар љубовник – Бред Пит или Бен Афлек.
Гвинет (50) и Бред (59) се запознаа во 1994 година кога го снимаа филмот „Seven“ и брзо потоа почнаа љубовна врска.
Се свршија во 1996 година, но Палтроу ја раскина свршувачката следната година со објаснување дека била премногу млада да се мажи.
„Си рековме ’здраво‘ на снимањето и тоа беше љубов на прв поглед. Беше лудо. Но, мислам дека бев премлада, имав 24 години, бев дете“, вели глумицата во поткастот.
Иако не жали за одлуката, Гвинет вели дека срцето сепак ѝ било скршено.
Во 1997 година актерката почна врска со Бен Афлек (50). Беа заедно, раскинуваа, се смируваа и сè така до 2000 година, кога секој тргна по својот пат.
Во интервјуто Купер побара од Палтроу да одговара на прашања за Бред и Бен.
Гвинет откри дека од двајцата поранешни дечковци, Бред е поромантичен и дека е подобар актер, но дека Бен има подобра смисла за хумор.
Актерката кажа и дека двајцата одлично се бакнуваат.
Купер ја праша и кој од двајцата е подобар во кревет.
„Уф, ова е стварно тешко. Со Бред имавме неверојатна хемија, како со некој што ти е љубов на твојот живот, барем во тоа време, а Бен беше техники одличен во кревет.
Не ми се верува дека ќерка ми го слуша ова“, рече Палтроу, која ја има ќерката Епл од бракот со пејачот на „Колдплеј“, Крис Мартин (46).
Актерката откри и дека пред многу години, Леонардо ди Каприо пробал да ја заведе, но го одбила.
„Проба нешто, ама му кажав дека не ме интересира. Не, никогаш сум немала ништо со Лео. Снимавме заедно, ама никогаш не сме се бакнале“, вели таа.
Палтроу интервјуто го заврши со играта „Со кого би имала секс, со кого би се омажила, а кого би убила“, а како опции Купер ѝ ги понуди имињата на нејзините тројца најпознати љубовници – Пит, Афлек и Мартин.
„Би имала секс со Бред, пак би се омажила со Крис и тоа значи… извини Бен“, рече таа.
А. Ј. | Црнобело