Ким Кардашијан се сретна со бившиот на Мет Гала, 9 месеци по раскинувањето – Таа се објаснува, а тој е насмеан до уши (фото)
- Детали
- вторник, 02 мај 2023
Што мислите како се одвивал разговорот? Ким Кардашијан 9 месеци по раскинувањето се сретна со бившиот дечко Пит Дејвидсон - комичарот на настанот дојде сам и не ја пропушти можноста да се поздрави со бившата девојка, а таа се обидува да му објасни нешто.
Минатата година Ким Кардашијан на Мет Галата го носеше познатиот „гол фустан“ на Мерилин Монро, а на црвениот тепих беше придружувана од нејзиното тогашно момче Пит Дејвидсон.
Годинава Ким на Мет Галата, што се одржа во понеделникот (01.05) се појави сама, а фотографите го уловија моментот кога таа се сретна со бившиот дечко 9 месеци по раскинувањето.
Ким Кардашијан (42) и Пит Дејвидсон (29) беа во врска 9 месеци, а првпат се појавија заедно во јавност на црвениот тепих на Мет Гала 2022.
Воедно тоа беше и нивно прво и последно заедничко појавување на црвен тепих, откако во август 2022-ра година одлучија да стават крај на врската.
Причината за раскинувањето беше огромната оддалеченост, затоа што Пит во тој период работеше на снимањето на неговиот филм во Австралија, додека Ким остана во САД, а ријалити ѕвездата рече дека тие двајца по раскинувањето сакаат да останат пријатели.
Ким и Пит очигледно сѐ уште се во добри односи, а тоа се гледа и од фотографиите од годинешната Мет Гала, каде поранешните љубовници разговараат за време на забавата по настанот, а со нив заедно е и музичарот Ашер.
Пит е уловен како ѝ се смее на неговата бивша девојка, додека таа мавта со рацете и се обидува да му објасни нешто.
Инаку, Пит во моментов е во врска со неговата колешка Чејс Суи Вондерс, но на црвениот тепих се појави сам.
Ким, пак, од друга страна, по раскинувањето со Пит не зборува јавно за тоа со кого е во врска и дали се гледа со некого.
Б. С. Б. | Црнобело