Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони
Мила Кунис и Ештон Кучер
Мила и Ештон се познати како пар кој штеди, без разлика за што станува збор.
Тие штедеа дури и за нивните веренички прстени – прстенот на Мила чинел 90, а на Ештон само 100 долари.
„Отидовме во златара и видовме дека прстените се многу скапи. Имаа астрономски цени“, изјави Мила за одлуката да купат евтини прстени.
Сара Џесика Паркер
Познатата актерка купува само облека на старо за нејзините деца.
Наводно, таа изгледала документарец – The True Cost – кој прикажува како изгледаат фабриките за текстил ширум светот.
Оттогаш се заколнала дека ќе купува нова облека само ако е сигурна дека ќе ја носи барем 10 години.
„Скоро сите маички што ги носи син ми се купени на старо. А, и тој самиот купува многу облека на старо.
Ќерките носат облека што ја носеле други. Во моето семејство отсекогаш сме наследувале облека од постарите членови“.
Лејди Гага
Лејди Гага е уште една ѕвезда која сака да користи купони за попуст.
Таа смета и дека не е во ред што другите се чудат за ова:
„Зошто луѓето ме гледаат како да сум луда кога користам купони за попуст или кога прашувам кои производи се со намалена цена?“
Хилари Свонк
Хилари Свонк секогаш купува работи кои се на попуст, истакнувајќи дека така е научена уште од детството, кога со родителите немале многу пари.
Таа вели и дека нејзините фанови се пријатно изненадени кога ќе ја забележат како купува во евтини продавници и бара попусти.
Хали Бери
Хали Бери неколкупати има изјавено дека троши многу малку пари.
„Многу сум штедлива. Не трошам многу пари бидејќи сум загрижена дека нема секогаш да бидам богата.
Многу сум благодарна за богатството, но еден од моите најголеми стравови е дека ќе го изгубам. Јас не сум личност која има 10 автомобили и дијаманти“, изјави таа во една прилика.
Спирова С. | Црнобело