Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони
- Детали
- сабота, 13 мај 2023
Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички прстени, додека Крис Еванс осум години користеше ист телефон и купи нов само бидејќи стариот му се расипал. Кои познати се скромни, и покрај огромното богатство?
Добро познат факт е дека познатите личности се милионери. Но, додека некои сакаат да трошат многу пари и да се фалат со богатството, дел од нив се навистина скромни.
Тие не трошат пари за луксуз, сакаат да купуваат на попуст и, генерално, ги штедат парите.
10 познати личности кои сакаат да штедат:
Крис Еванс
Популарниот актер откри дека во 2014 година си купил iPhone 6, а го користел сè до 2022-ра.
Тој сметал дека нема потреба да купува нов телефон кога стариот е функционален.
„Почивај во мир iPhone 6s.
Си поминавме добро. Ќе ми недостасува твоето големо копче. Нема да ми недостасуваат битките додека се обидував да те наполнам, ниту фотките со лоша резолуција.
Ниту ненадејното празнење на батеријата од 100% на 15%. Беше лудо“, напиша актерот на Твитер.
Сара Мишел Гелар
Во САД, повеќето продавници нудат купони за попуст кои можат да се добијат преку веб-сајтови, весници, магазини и слично.
Сара Мишел Гелар вели дека редовно користи вакви купони и смета дека само затоа што има пари, не значи дека треба да биде неодговорна со нив.
Кристен Бел
Слично како Сара, и Кристен Бел редовно користи купони за попуст.
„Многу ги сакам купоните од омилената продавница, бидејќи даваат до 20% попуст. Можете да си купите што сакате и да заштедите и до 80 долари!“, изјави пејачката во интервју.
Ед Ширан
За да не троши многу пари, Ед Ширан самиот си одредува џепарлак.
Неделно не си дозволувал да троши не повеќе од 1.000 долари, што за американски стандарди и не е така висока сума.
Пејачот има споделено и дека генерално нема навика да троши многу пари и дека најголем дел од заработката дава за даноци.
Тајра Бенкс
Тајра има изјавено дека кога почнала да заработува многу пари како модел, не ги трошела на дизајнерска облека или скапи хотели, туку штедела.
Па, поради ова успеала да си купи куќа на 20-годишна возраст.
„Бев позаинтересирана за искуства, отколку за предмети. Па, штедев, штедев и штедев. Пред околу 15 години, моите сметководители ми рекоа дека не сум трошела ништо.
Сум имала многу пари на сметка, поради што сум плаќала повисоки даноци. Па, ми направија посебна сметка на која ми префрлаа одредена сума што морам да ја истрошам во една година“, откри таа во 2018-та.