Некогаш беше холивудска дива, а денес се шета со мрсна, седа коса и вишок килограми – Ретко појавување на Бриџит Фонда во јавност (фото)
- Детали
- среда, 19 април 2023
Во 2002-ра го сними последниот филм, тврдеше дека не е среќна затоа што чувствува дека целиот успех во кариерата се должи на тоа што потекнува од познато холивудско семејство, а денес внуката на Џејн Фонда, Бриџит е целосно непрепознатлива. Шета со седа и мрсна коса, вишок килограми и нема ниту трага од некогашниот холивудски гламур.
Во 90-тите години на минатиот век актерката Бриџит Фонда беше една од најубавите и најуспешните холивудски актерки.
Играше во филмови со Ал Пачино, Кристијан Слејтер и Џет Ли, уживаше светска слава, а потоа во еден миг одлучи да се повлече.
Сега 20 години подоцна, актерката е непрепознатлива.
Бриџит Фонда (59) неодамна беше фотографирана од папараци додека беше излезена да ги заврши домашните обврски, а за разлика од колешките од нејзината генерација, кои сѐ уште мамат воздишки, таа веќе изгледа запуштено и видно остарено.
На некогашната ѕвезда на филмот „Кум“ сите ѝ предвидуваа блескава филмска кариера затоа што е родена во познато филмско семејство во Холивуд.
Освен што поседува извонреден талент за глума, таа е ќерка на актерот и филмски продуцент Питер Фонда, а внука на легендарната Џејн Фонда.
„Се прашувам колку ќе успеев и дали ќе бев задоволна со сопствените резултати ако не бев родена во семејство што направило толку добри проекти.
Се прашувам како изгледа чувството да знаеш дека си успеал сосема сам.
Се прашувам дали ќе бев помирна ако знаев дека во сѐ сум успеала сама, без постојано да се прашувам колкупати моето презиме ми отворило врати“ – рече таа во една прилика во 1993-та година.
Во 2002-ра година Бриџит го сними последниот филм, по што одлучи да стави крај на филмската кариера и да води живот подалеку од очите на јавноста.
Рече дека главна причина заради која се откажала од животот во Холивуд е тоа што сакала да се посвети на бракот со сопругот Дани Елфман, но и на синот Оливер, кој денес има 18 години.
Од друга страна, многумина коментираат дека таа имала страшна сообраќајна несреќа во која се здобила со сериозни повреди на грбот, по што одлучила целосно да се повлече.
Во 2003-та година Бриџит и Дани по долгогодишна врска одлучија да стапат во брак, во 2005-та година го добија синот Оливер, а во 2020-тата решија да ги продадат двете куќи во Лос Aнџелес и да се преселат да живеат на село.
На најновите фотографии, Бриџит изгледа непрепознатливо. Со голем бел џемпер, седа мрсна коса и очила, речиси никој не би можел да открие дека тоа е познатата актерка која мамеше воздишки во некои од најпознатите филмови на 80-тите и 90-тите години.