Има преку 150 чанти кои чинат 1.3 милиони евра, ги чува во плакар од IKEA - Импресивната колекција на Џорџина
- Детали
- четврток, 13 април 2023
Партнерката на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, во втората сезона на документарецот „Soy Georgina“ го покажа плакарот и импресивната колекција чанти што ја поседува. Таа има околу 150 чанти од најпознатите светски брендови кои чинат отприлика 1.3 милиони евра, а ги чуваше во плакар од IKEA додека живееја во Манчестер.
Џорџина Родригез во документарниот филм „Soy Georgina“ посветен на нејзиниот живот, освен што раскажува за бременоста и загубата на едното бебе, зборува и за својата кариера како модел и инфлуенсер со над 48 милиони следбеници на Инстаграм.
фото: Принтскрин Нетфликс
Во првата епизода од втората сезона на документарецот што се прикажува на Нетфликс, таа го покажува и плакарот во кој ги чува скапите чанти, но и патиките - и вели дека го купила од IKEA.
„Ги купив плакарите во IKEA, и за патиките и за фустаните. Одлични се и многу лесни. Ако ти прават плакари по мерка тогаш се многу скапи и тежат. Вака, заштедуваш и пари и на тежина“, вели Родригез во документарецот.
фото: Принтскрин Нетфликс
Џорџина поседува околу 150 чанти од најскапите светски брендови, меѓу кои Hermes, Prada, Chanel, пишува „Daily Mail“.
фото: Принтскрин Netflix
Според нив, најскапата чанта на Џорџина е црвена Birkin чанта која чини 29.000 евра и е направена од крокодилска кожа.
Овој модел веќе не се продава, па затоа вредноста на чантата расте.
Моделот на чантата е инспириран од актерката Џејн Биркин. Листата на чекање за оваа чанта во минатото беше меѓу шест месеци и една година.
Таа поседува и Kelly Hermes чанта, која чини околу 16.000 евра. Инспирацијата за оваа чанта е принцезата Грејс Кели од Монако.
Во колекцијата на Џорџина има и мини Prada чанта во бела боја од 2.400 евра и Louis Vuitton Coeur Heart Bag, која се проценува на 2.100 евра.