Се скарала со Бен Афлек затоа што бил во стриптиз клуб, била на ин витро оплодување – Гласини за Џеј Ло што се покажаа како точни
Џеј Ло била на ин витро оплодување
Во 2004-та година Џеј Ло се омажи за Марк Ентони, а во 2006-та година некои странски медиуми пишуваа дека пејачката планира да оди на ин витро оплодување и затоа почнала да јаде повеќе лисест зеленчук.
Следната година медиумите почнаа да шпекулираат дека пејачката има трудничко стомаче, но пејачката преку својот ПР тим ги отфрли сите пишувања.
Сепак, ова не ги спречи изворите блиски до парот да споделуваат информации дека тие двајца очекуваат деца, па дури и еден нејзиниот поранешен партнер Крис Џуд јавно ѝ честиташе.
Еден месец подоцна, на пејачката очигледно ѝ беше преку глава да се крие и јавно потврди дека ќе станат родители за време на нејзината турнеја со Марк Ентони во Мајами.
Марк Ентони наводно останал збунет затоа што не очекувал дека таа ќе го направи тоа.
Џеј Ло бара Алекс Родригез да ја запроси
Во 2018-та година кога Џеј Ло ја објави песната El Anillo (Прстенот) дел од медиумите шпекулираа дека таа сака да му навести на својот тогашен дечко Алекс Родригез дека сака да ја запроси.
Пејачката во едно гостување откри дека песната зборува за тоа, но дека верува дека во неа ќе се пронајдат голем број жени што чекаат нивните партнери да ги запросат.
Алекс Родригез навистина ја запроси, но 11 месеци подоцна.
Џеј Ло го изневери Алекс Родригез
Во 2021-ва година се појавија првите гласини дека врската на Џеј Ло и Алекс Родригез е во криза и дека таа го изневерила неколкупати, но и дека постојано се слуша со некоја личност од минатото на телефон.
Еден месец подоцна, парот преку писмено соопштение ги извести обожавателите дека се разделуваат.
Џеј Ло се смири со Бен Афлек
Непосредно по раскинувањето со Алекс Родригез почнаа да следуваат пишувањата дека Бен редовно ја посетува Џеј Ло во нејзиниот дом и дека тие двајца кријат дека се помириле.
Само неколку недели подоцна беа објавени нивните први заеднички фотографии од викендот во Монтана, а потоа парот потврди дека се смириле.
Понатаму, сè се одвиваше многу брзо: свршувачка, две свадби, меден месец во Париз…
Б. С. Б. | Црнобело