Вера Ванг за смелите изданија во кои позира на 73 години: „Да не сакате во ролка да одам на 30 степени?“
- Детали
- вторник, 11 април 2023
„Бев збунета од интересот за тоа што го носам. Не сметам дека се облекувам премногу смело“ - Модната дизајнерка Вера Ванг на 73 години мами воздишки со младешкиот изглед, а таа тврди дека изгледа сосема нормално за годините и не ѝ е јасно зошто луѓето се опседнати со нејзините години.
Модната креаторка Вера Ванг (73) во последните неколку години е топ-тема заради младешкиот изглед и извајаните стомачни мускули на кои можат да ѝ завидат голем број помлади дами, а таа вели дека не сфаќа зошто луѓето креваат толку голема врева околу нејзиниот изглед.
Таа вели дека сѐ уште не може да го сфати интересот што го предизвикува нејзиното извајано тело.
„Претпоставувам дека не знаете како изгледаат луѓето на 70 години денес. Имам многу пријатели што имаат 65 и 70 години што изгледаат одлично и морам да кажам дека тоа е добра работа.
Се надевам дека луѓето ќе почнат да се чувствуваат поудобно во сопствената кожа и да бидат посамоуверени, затоа што постојат повеќе дефиниции за тоа како треба да изгледа жената“ – вели таа.
Таа вели дека не можела да сфати зошто толку голем интерес привлекла со фотографиите на кои позира во портокалов кроп-топ и со кратки пантолони.
„Бев збунета, да бидам искрена. Не сметав дека се облекувам премногу смело“ – вели таа.
„Надвор температурата беше околу 32 степени Целзиусови, сигурно дека нема да позирам во џемпер со ролка. Навистина не ми беше јасно“ – вели таа.
Во една прилика Вера Ванг откри дека нејзиниот младешки изглед се должи на тоа што „работи, спие, пие коктел со вотка и не излегува на сонце“.
„Сакам денот да го завршам со коктел со вотка. Тоа ми помага да се опуштам по напорниот работен ден и да уживам во приватниот живот“ – вели таа.
Прочитајте и Ја натерале да се омажи за да не остане сама, позната е и по тоа што „не старее“ и на 70 години – Факти за Вера Ванг
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: Инстаграм