Како деструктивната љубов го уништи Курт Кобејн? Кортни Лав го „навлече“ на хероин, депресивен се самоуби пред 29 години
- Детали
- петок, 07 април 2023
Цели 29 години по смртта на Курт Кобејн, неговиот живот и љубовната приказна со Кортни Лав и понатаму ја фасцинираат јавноста. Најголемите фанови на починатиот музичар и денес велат дека токму таа љубов го убила, наместо да му го спаси животот.
Кобејн и Лав се запознаа во времето кога Nirvana беше на врвот на популарноста, а Кортни и нејзината глупа Hole си го бараа местото под сонцето.
„Курт и Кортни се некрунисаните крал и кралица на Америка. Кортни сака да биде славна, а Курт е на врвот на славата.
Но, доколку нешто не се смени, тие ќе се самоуништат. Знам дека и двајцата ќе бидат големи ѕвезди“, напиша уредникот на „Vanity Fair“ во далечната 1992-ра година.
Лав и Кобејн се запознаа 1991-ва, а се венчаа една година потоа. По четири месеци врска, Лав веќе беше бремена со нивната ќерка, па тие решија да се венчаат на Хаваи, на 24 февруари 1992 година.
Невестата носеше фустан кој претходно го поседуваше холивудската актерка Френсис Фармер, а Кобејн беше облечен во зелени фланелни пижами.
Но, ни фактот што наскоро ќе стане татко, не му го подобруваше расположението на Курт.
Тој беше збунет и депресивен поради огромната слава што му ја донесе неговата музика. Почна да користи дрога, а според некои американски медиуми, наводно Кортни била таа што го „запознала“ со хероинот.
„Се дрогиравме многу. Земавме хероин, пиевме апчиња, пушевме џоинт. Бевме издрогирани цело време.
Курт не сакаше да излегува од дома. Само сакаше да седи во станот, да свири на гитара и да зема хероин“, рече во една прилика Лав.
Таа откри дека неколкупати пробале да престанат со консумирање наркотици, но дека по неколку дена се враќале на старите навики. Кортни, наводно, земала хероин и додека била бремена со нивната ќерка Френсис Бин.
Пред раѓањето на ќерката во август 1992 година, Кобејн накратко размислувал да се откаже од бендот за да може да се фокусира на татковството. Но, не го стори тоа.
И покрај љубовта кон ќерката и нивната голема поврзаност, бракот на парот од ден на ден почнуваше да пропаѓа.
Подоцна Кортни изјави дека била толку разочарана и осамена, што во март 1994 година дури и размислувала да почне љубовна афера. Но, на крајот се премислила и му останала верна на сопругот.
Курт се самоуби еден месец потоа. Ова не бил негов прв обид за самоубиство. Музичарот пробал да се самоубие и неколку месеци претходно, кога бил во Рим.
Кобејн имаше 27 години кога почина. Беше пронајден со прострелна рана во главата во неговиот дом во Сиетл на 5 април 1994 година.
29 години по неговата смрт, авторот Иан Халперин тврди дека Кобејн е убиен, а не дека се работи за самоубиство.
Курт, наводно, во неговиот систем имал 70 пати повеќе хероин отколку дозата што може да убие, па Халперин смета дека треба повторно да се истражи неговото самоубиство, пренесе „The Sun“.
А. Ј. | Црнобело