„Ким Кардашијан ми го уништи животот“ - Програмер ја обвинува ријалити ѕвездата дека му украла милиони и заради неа е бездомник
- Детали
- среда, 05 април 2023
Ким Кардашијан му ја украла апликацијата, а потоа го тужела, заради што тој морал да банкротира. Денес програмерот е бездомник, кој мора да работи на две работни места за да ги исплати долговите кон неа. Но, за да ѝ се одмазди, тој креираше веб-страна со име „Ким Кардашијан ми го уништи животот“.
Оние што редовно користат ТикТок сигурно забележале дека во последно време многу често се споделува картон со натпис: „Ким Кардашијан ми го уништи животот“ (Kim Kardashian ruined my life.com).
Приказната зад натписот е мошне интересна и брзо се прошири на социјалните мрежи.
@kylazingaround Disclaimer: I’m just reporting the allegations from his website; only he and Kim know what really happened #kardashians #kardashiansjenner #kardashiansjenners #kimkardashian #kimkardashianwest #kimkardashianedit #kardashianshulu #kardashiandramadaily #kardashianfamily #kardashianfans #kardashianfyp #kimoji #kimkardashianedit #kimkardashianoutfits #kimkardashianmakeup #kimkardashianwestchallenge #krisjenneredit #krisjenneredits #krisjennervibes #Celebritygossip #celebritynews #celebritytea #deuxmoi #popculturenews #popcultured #entertainmentforyou #celebgossip #hollywoodgossip #hollywoodtea #hollywoodlife #hollywoodstar #hollywoodstars #hollywoodnews #celebrity #celebrities #celeb #celebs #popculture #celebtea #greenscreen
♬ Blade Runner 2049 - Synthwave Goose
Наводно, зад приказната стои Дејвид Либенсон, човекот кој тврди дека е оригинален автор на Kimoji, апликацијата на Ким Кардашијан со емотикони и гифови со нејзиното лице.
Апликацијата беше објавена во 2015-та година, а во тоа време ријалити ѕвездата рече дека ѝ требале 2 години за да ја креира. Но, Либенсон ја тужеше Ким и рече дека нејзината приказна е лага.
Наводно, Ким Кардашијан и Крис Џенер стапиле во контакт со него во периодот од 2013-та и 2014-та година и барале тој да им направи бренд, по што тој им ја дал идејата за Kimoji.
Неколку дена откако ја креирал апликацијата, Либенсон добил повик од легалниот тим на Ким, кој понудил да му помогне да ја регистрира апликацијата за да го забрза процесот.
Апликацијата била објавена, но името на Либенсон не се јавува никаде.
Заради ова, креаторот на апликацијата во 2019-та година поднел тужба, барал отштета од 100 милиони долари и ги предал сите докази што покажуваат дека апликацијата е украдена од него.
Адвокатите на Ким поднесоа противтужба во износ од 300.000 долари, по што тој мораше да се повлече.
Но, иако ја прекина легалната битка, на Либенсон му беше наложено да ги исплати судските трошоци во износ од 400.000 долари, по што тој банкротира.
Заради финансиските проблеми, Либенсон го загубил семејството – сопругата се развела од него, а тој во моментов живее во автомобил и работи на 2 работни места, само за да ги исплати долговите.
Наводно, тој во автомобилот ја креирал веб-страната KimKardashianRuinedMyLife.com со помош на мобилен телефон, во која дава детали за својата приказна и бара помош од луѓето за да го исплати долгот кон ријалити ѕвездата.
OMG! The guy who sued Kim Kardashian over Kimoji created a whole website blasting her for it! He says she ruined his life! https://t.co/AsN3Skjn00
— Perez Hilton (@PerezHilton) March 28, 2023
Во знак на поддршка, на социјалните мрежи масовно се шири натпис со името на неговата веб-страна, со цел неговата приказна што е можно побрзо да се прошири и луѓето да сфатат каква личност е Ким.
Б. С. Б. | Црнобело