Која е убавата Русинка која го заведува Петар Мараш во „Јужен ветер“?

Која е Оксана Акиншина, руската актерка која игра една од главните улоги во новата сезона од серијата „Јужен ветар“ и го заведува Петар Мараш (Милош Биковиќ)?

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-01.jpg

Штотуку заврши прикажувањето на втората сезона на хит-серијата „Јужен ветер“, а фановите веќе со нетрпение ги очекуваат и следните продолженија.

„Јужен ветер“ преку ноќ стана регионален феномен. Првиот филм, а потоа и серијата, ја привлече публиката од целиот Балкан.

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-08.jpg

Со вториот дел, продуцентите отидоа чекор понатаму, па освен Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, кои се заштитен знак на „Јужен ветер“, овојпат за серијата ангажираа и двајца холивудски актери - Ерик Робертс, братот на Џулија Робертс, и Вилијам Болдвин.

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-veter-12.jpg

Но, подеднакво внимание во новата сезона предизвика и руската актерка Оксана Акиншина, која го глуми ликот на Лариса.

Русокосата Русинка Лариса, која го заведува Петар Мараш (Милош Биковиќ), ја одбележа последната сезона на „Јужен ветер: Забрзување“ (Јужни ветар: Убрзање).

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-09.jpg

Која е актерката Оксана Акиншина, Русинката која има една од клучните улоги во новата сезона на серијата?

Оксана и Милош Биковиќ се долгогодишни пријатели и негова била идејата таа да се вклучи во „Јужен ветер“.

Тие глумеле заедно во популарниот руски трилер „Кукли“, филм работен според истоимениот роман на наградуваниот руски писател Сергеј Минаев.

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-07.jpg

Оксана има 36 години. Во светот на глумата влезе на 12 години, а дебитираше со филмот „Сестри“.

Сепак, таа стана најпозната во филмските кругови со нејзината улога во филмот „The Bourne Supremacy“ од 2004 година, каде го играше ликот на Ирина Нескаја и глумеше со холивудскиот актер Мет Дејмон.

Оксана важи за една од најпознатите руски актерки. Досега снимила преку 30 филмови и серии, а глумеше и во серијата „Chernobyl: Abyss“ која беше хит на Нетфликс.

Еден од нејзините најпознати проекти е трилогијата „8 First Dates“, „8 New Dates“ и „8 Best Dates“.

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-02.jpg

Руската актерка зад себе има два брака – со бизнисменот Димитриј Литвинов и со филмскиот продуцент Арчил Геловани.

Од првиот брак го има синот Филип, а од вториот синот Константин и ќерката Ема.

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-04_copy.jpg

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-03.jpg

koja-e-ubavata-rusinka-koja-go-zaveduva-petar-marash-vo-juzhen-vetar-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Србин му организирал оргии, пред да стане актер се дружел со криминалци – Бурниот живот на Ален Дело... На само 4 години родителите му се развеле и го оставиле во згрижувачко семејство...
Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Ми... Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg