Видеа од кои Шакира денес се срами - Пред да стане пејачка, глумела во латиноамерикански серии
- Детали
- среда, 05 април 2023
Кога станала славна, Шакира ги откупила правата за серијата во која глумела на 16 години, за да може да забрани таа да се емитува, а денес од неа има само неколку кратки видеа достапни на YouTube. Како изгледале почетоците на познатата пејачка, од кои таа денес се срами?
Шакира денес е една од најталентираните и најпознатите пејачки, а малкумина знаат дека пред да стекне светска слава, таа играла и во латиноамериканска ТВ серија. Но, денес се срами од своите почетоци.
Додека била тинејџерка, Шакира сонувала дека еден ден ќе стане позната актерка, па така на возраст од само 16 години таа се појавила во латиноамериканската ТВ новела „El Oasis“.
Станува збор за приказна за „забранета“ љубов меѓу двајца млади луѓе, која се емитувала од 1994-та до 1997-ма година.
Доказ дека колумбиската пејачка се срами од своите почетоци е и фактот што во 2002-ра година, откако стекна светска слава, таа успеала да ги откупи правата за серијата за да спречи и понатаму да се емитува.
Потоа ангажирала и тим информатичари да ги отстранат сите остатоци од серијата на интернет.
Како и да е, на YouTube и денес може да се најде по некоја епизода или исечок од серијата „El Oasis“.
Погледнете како изгледала Шакира на почетоците на кариерата:
Б. С. Б. | Црнобело