Вил Смит и Џејда имале секс во лимузина, Никол Кидман праќа голи фотки – Жешките тајни на ѕвездите
- Детали
- сабота, 08 април 2023
„Во лимузина, на пат кон Оскарите, Вил почна да ме гледа на начин кој ме излудува. Почнавме да се бакнуваме страсно, и следно... ајде само да кажеме дека го пропуштивме црвениот тепих, а јас останав речиси без шминка“ – откри Џејда Пинкет Смит. Кои се најжешките тајни на уште 3 познати парови?
Додека некои парови, зборувањето за љубовниот и сексуален живот го сметаат за табу, други холивудски ѕвезди немаат проблем да си ги откријат најжешките тајни.
Низ годините, неколку познати ѕвезди решиле да се отворат и да раскажат некој сочен детаљ за нивниот сексуален живот, независно дали е тоа лошо или добро.
Какви жешки тајни откриле славните за нивниот интимен живот?
Никол Кидман и Кит Урбан
„Никогаш не си праќаме пораки, ниту мејлови, само се слушаме по телефон кога не сме заедно.
Можеби си праќаме само една порака. Еден кул тип на порака годишно... знаете, од оние што содржат фотографија“ – откри срамежливо Кит Урбан во гостување кај Елен, признавајќи дека си разменуваат голи фотки со саканата.
Криси Тајген и Џон Леџенд
„Не сме тотално откачени, но ајде да кажеме дека сме отворени за различни работи. Сосема сме во ред со нежности во јавност.
Кога одиме во ресторан, тој обожава кога носам фустан, за да може да ме допира во горниот дел на бутовите“ – раскажа моделот за Cosmopolitan во 2014, и откри кое е најлудото место на кое имале секс.
„Одевме кон Тајланд да ги видиме моите родители, летавме со комерцијален лет во прва класа. Бевме под ќебе... мислам дека треба да добиеме трофеј за тоа“.
Вил Смит и Џејда Пинкет Смит
„Кога имате три деца, мора да ги користите шансите во моментот кога ви се нудат. Во лимузина, на пат кон Оскарите, Вил почна да ме гледа на начин кој ме излудува.
Почнавме да се бакнуваме страсно, и следно... ајде само да кажеме дека го пропуштивме црвениот тепих, а јас останав речиси без шминка“ – откри Џејда во 2019.
Кортни Кардашијан и Тревис Баркер
Додека била ставена на детекторот за лаги на Vanity Fair, одговарајќи на прашања од Клои, Кортни има откриено каков фетиш има нејзиниот сопруг.
На прашањето дали таа има фетиш на стапала, Кортни одговара „Лично јас, не“, а кога Клои прашала дали Тревис има фетиш на нејзините стапала, таа признала „Да“.
М. М. | Црнобело