Хју Џекмен загрижен дека повторно ќе му се врати ракот на кожата, по операцијата на лицето пред неколку години (видео)

„Здраво момци. Сакав да го слушнете ова од мене, во случај некој да ме види на улица, па да се чуди што се случува. Само што направив две биопсии. Резултатите ќе ги дознаам за два или три дена и штом знам, ќе ве известам“ - вели актерот Хју Џекман кој во 2017 година имаше операција за рак на кожата.

hju-djekman-napravi-biopsija-za-da-otkrie-dali-mu-se-vratil-rakot-na-kozhata-lekarot-zabelezha-sitnici-koi-ukazhuvaat-na-potencijalen-karcinom-01.jpg

Aвстралискиот актер Хју Џекман откри дека направил две биопсии за да се открие дали има нов рак на кожата.

Toj во 2017 година имаше операција за лицето со која му беа отстранети шест клетки кои имале потенцијал да предизвикаат рак на кожата.

hju-djekman-napravi-biopsija-za-da-otkrie-dali-mu-se-vratil-rakot-na-kozhata-lekarot-zabelezha-sitnici-koi-ukazhuvaat-na-potencijalen-karcinom-04.jpg

Џекман (54) објави видео на социјалните мрежи во кое раскажа дека неговиот лекар забележал „ситници“ кои би можеле да бидат потенцијален карцином на базалните клетки - најчестиот облик на рак на кожата.

Во видеото, Хју носи заштитен фластер преку носот додека ја раскажува својата приказна и ги повика своите обожаватели да не излегуваат од дома без заштита од сонце.

„Здраво момци. Сакав да го слушнете ова од мене, во случај некој да ме види на улица, па да се чуди што се случува. Бев кај мојот доктор, д-р Ајрон.

Само што направив две биопсии. Резултатите ќе ги дознаам за два или три дена и штом знам, ќе ве известам“ - вели актерот во видеото.

Тој додава и дека базалните клетки во светот на ракот на кожата се најмалку опасни од сите.

Хју призна дека сончевите дамки на кожата кои сега ги отстранува се од времето кое го поминал на отворено пред 25 години.

hju-djekman-napravi-biopsija-za-da-otkrie-dali-mu-se-vratil-rakot-na-kozhata-lekarot-zabelezha-sitnici-koi-ukazhuvaat-na-potencijalen-karcinom-05.jpg

Затоа ги повика фановите да не излегуваат од дома без заштитен фактор и да бидат безбедни кога се на сонце.

„Ве молам, ставајте крем за сончање со висок заштитен фактор. Без разлика колку и да сакате да се исончате, верувајте ми, не вреди ако потоа добиете рак. Нанесете крем за сончање и ве молам, бидете безбедни“ – додава тој.

hju-djekman-napravi-biopsija-za-da-otkrie-dali-mu-se-vratil-rakot-na-kozhata-lekarot-zabelezha-sitnici-koi-ukazhuvaat-na-potencijalen-karcinom-03.jpg

Хју вели дека и во минатото секогаш бил отворен за стравовите од рак на кожата и дека ќе продолжи да ги потсетува луѓето да ставаат крем за сончање.

„Знам дека и претходно сте ме слушнале да зборувам за мојот карцином на базалните клетки. Ќе продолжам да зборувам додека треба. А, ако потсетам барем една личност да стави крем за сончање со висок заштитен фактор и да се заштити, тогаш сум среќен“ – вели тој.

hju-djekman-napravi-biopsija-za-da-otkrie-dali-mu-se-vratil-rakot-na-kozhata-lekarot-zabelezha-sitnici-koi-ukazhuvaat-na-potencijalen-karcinom-02.jpg

Во интервју во 2015 година, кога првпат се соочи со карцином на кожата, пред да ги направи операциите, Џекман раскажа дека неговото детство „било на отворено“ и дека заштитните кремови за сончање не биле приоритет во неговото семејство.

„Мислам дека татко ми или мајка ми никогаш не ни купиле и не нè терале да ставаме заштита“ - рече тој и додаде: „Она што најмногу го паметам е правилото дека не смеам да пливам барем половина час откако ќе јадам. И, тоа не е точно“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Кои познати личности ја криеја дијагнозата со рак? Јавноста дозна дека Дејвид Боуви имал рак на црниот дроб дури по неговата смрт, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg