Вујко ѝ ја злоставувал на 5 години, скрши 2 ребра снимајќи ги „Очајни домаќинки“ - Зад насмевката на Тери Хачер се крие тажна приказна
- Детали
- петок, 21 април 2023
Актерката Тери Хачер го освои светот во 2004 година со улогата на Сузан Мајер во хит-серијата „Очајни домаќинки“. Но, миленичката на публиката, имала трауматично детство. Вујко ѝ ја злоставувал кога имала 5 години, родителите никогаш не биле дома, а не сакале ни да оди ни на часови по глума. Актерката има два пропаднати брака и една ќерка, па иако не крие дека животот не ја галел, секогаш е насмеана и ведра.
Актерката Тери Хачер го освои светот во 2004 година, кога ја доби улогата на Сузан Маер во хит-серијата „Очајни домаќинки“. Во Холивуд таа важи за чесна, храбра и бескрајно харизматична личност која никогаш не се двоумела отворено да зборува за која било тема.
По улогата во „Очајни домаќинки“, но и во филмот за Џејмс Бонд „Tomorrow Never Dies“, таа неколку пати беше прогласена за најсекси жена на светот. Но, Тери вели дека никогаш не се чувствувала така.
„Јас сум силна, емотивна, пријатна жена. Не се грижам за визуелната естетика и мислам дека тоа ослободува. Кога ќе видам фотошопирана фотографија од себе во списание, а верувајте дека нема ниту една што не е монтирана, се нервирам зашто пишува: ’Вака треба да изгледате‘, а тоа е многу нездраво и тоа не сум јас“ – вели Тери.
Тери Хачер е родена во Пало Алто, Калифорнија на 8 декември 1964 година. Татко ѝ бил нуклеарен физичар, а мајка ѝ компјутерски инженер. Детството го поминала растргната меѓу риболов со татка си, со кого била многу поврзана, и со танцувањето, кое отсекогаш ѝ било голема љубов.
„Моите родители имаа силна работна етика која се обидуваа да ја наметнат. На единаесет години морав секој ден да им подготвувам вечера, а за тоа добивав четвртина долар“ – раскажа во една пригода актерката.
Поголемиот дел од детството го поминувала сама, бидејќи родителите постојано работеле.
Затоа ѝ дозволувале да прави што сака. Па така, Тери, од 5 години одела на балет, а во текот на целото образование била капитен на навивачките. Со нив освоила и многу награди, меѓу кои и признанието за најдобра танчарка на својата генерација.
Во исто време студирала глума во Сан Франциско и математика во Купертино.
„Глумата ја плаќав сама бидејќи татко ми не беше заинтересиран финансиски да учествува во нешто што се разликува од неговата професија. Никогаш ја немав нивната поддршка за да ја следам мојата страст“ – вели таа.
Првата улога во Холивуд ја добила во 1977-ма година.
Сепак, публиката ја засака дури откако почна да ја глуми улогата на Лоис Лејн во серијата „Superman & Lois“, заедно со Дин Кејн.
Во 1997-ма година Тери ја одигра својата најзначајна филмска улога, Парис Харви во филмот за Џејмс Бонд „Tomorrow Never Dies“. Партнер во филмот ѝ беше Пирс Броснан.
Подоцна јавноста дозна дека Хачер на аудицијата ја победила Моника Белучи, а филмот го снимаше во третиот месец од бременоста.