Вујко ѝ ја злоставувал на 5 години, скрши 2 ребра снимајќи ги „Очајни домаќинки“ - Зад насмевката на Тери Хачер се крие тажна приказна
И покрај сите претходни успеси, улогата на Сузан Мајер, емотивната, брутално искрена и малку чудна самохрана во серијата „Очајни домаќинки“ ѝ донесе светска слава.
Таа постојано беше прогласувана за „омилената домаќинка“ и е единствената од сите актерки што се појави во апсолутно секоја епизода од серијата.
Нејзината посветеност на снимањето ја докажува и фактот што еднаш скршила две ребра и се здобила со сериозна повреда на окото за време на снимањето.
Но, серијата ѝ донесе бројни награди, вклучувајќи го и престижниот Златен глобус и номинација за Еми награда.
Во 2006 година таа беше најплатената телевизиска актерка.
Со актерот Џејмс Дентон, кој го глумеше нејзиниот сопруг Мајк Делфино во „Очајни домаќинки“ и денес е добра пријателка. Тие глумеа заедно во 2021-ва година во божиќен филм на „Hallmark“.
Иако е секогаш насмеана во јавноста, Тери откри дека немала среќно детство. Причина за тоа бил нејзиниот вујко, кој ја злоставувал кога таа имала само 5 години.
Актерката реши јавно да проговори за траумите од детството, кога 14-годишната Сара Ван Климпет се самоуби во 2002 година, а во прошталното писмо до родителите како причина го навела сексуалното злоставување од Ричард Стоун, вујкото на Хачер.
По трагедијата, Тери излезе во јавноста со својата приказна и им помогна на властите да го стават зад решетки нејзиниот вујко. Тој почина во затвор од рак на дебелото црево, шест години по пресудата.
„Јас не сум ниту херој, ниту жртва. Јас сум една од трите жени кои се принудени да прифатат насилство како дел од нивната приказна.
Јас сум една од трите жени кои ќе го поминат целиот свој живот борејќи се со демоните во нивната глава. Мора да престане насилството врз жените, а јас веќе нема да молчам“ – рече Тери по донесувањето на пресудата.
Актерката немаше среќа ни во љубовта. Таа беше во брак двапати.
Првиот брак беше со Маркус Литолд, но се разведоа по само една година.
Во 1994-та година се омажи за актерот Џон Тени, кого го запозна на состанок на слепо. Со него во 1997-ма година ја доби ќерката Емерсон.
„Го знам точниот ден кога Емерсон беше зачната бидејќи јас и Џон имавме секс само еднаш таа година. Одби да спие со мене, дури и на нашиот меден месец, па таа врска од почетокот беше повеќе пријателска, отколку љубовна“ – рече Тери за „Vanity Fair“.
Денес, Хачер живее повлечен живот и сè помалку прифаќа улоги, иако вели дека никогаш нема да се откаже од глумата.
А. Ј. | Црнобело