Со сестра му Џулија Робертс не зборувал со години, игра во „Јужни ветар“ – Факти за познатиот холивудски актер Ерик Робертс
- Детали
- среда, 22 март 2023
Се откажал од опојните супстанци затоа што сопругата му се заканила дека ќе го остави. Вели дека благодарение на него Џулија Робертс стана славна, а тие двајца не зборувале повеќе од 10 години – Што знаеме за Ерик Робертс, братот на славната актерка, кој игра и во новата сезона на „Јужни ветар“?
Во моментов во Србија се емитуваат новите епизоди од третата сезона на мега-популарната серија „Јужни ветар“ во која главните улоги ги толкуваат Милош Биковиќ и Миодраг Радоњиќ, а оваа сезона е засилена и со холивудски актери, но и актери од Русија.
Меѓу холивудските актери е и братот на Џулија Робертс, Ерик Робертс, кој ја толкува улогата на Џон Бредли.
Српските медиуми пишуваат дека холивудските актери Ерик Робертс и Вилијам Болдвин одлучиле да дојдат да снимаат во Србија затоа што Биковиќ играл во серијата, а Вилијам веќе еднаш работел со познатиот српски актер и одлучил да продолжат да соработуваат.
Ерик рече дека дошол во Србија затоа што никогаш претходно не бил во таа земја и затоа што му се допаднала улогата.
Во продолжение неколку интересни факти за Ерик што можеби не сте ги знаеле:
Ерик Робертс е познат холивудски актер и брат на познатата актерка Џулија Робертс. Тој е роден во 1956-та година во Билокси Мисисипи, а неговите родители биле актери и пишувале драмски текстови кои воделе свое училиште за актерска игра.
Ерик како дете пелтечел, но неговите родители забележале дека нема проблем со говорот само додека игра на сцена и така тој почнал редовно да посетува часови во училиштето на неговите родители, како еден вид терапија.
Особено тешко му паднал разводот на неговите родители во 1972-ра година. Тој одлучил да остане со татко му, по што односот со мајка му и со сестрите ќе се влоши. Не му се допаѓал очувот и во тој период почнал да развива зависности од алкохол и опојни супстанци.
Студирал во Лондон и Њујорк, а се појавува и во повеќе театарски претстави. Во 1978-ма година се појави во филмот King of Gypsies, што воедно е негова прва улога, која веднаш му донела номинација за „Златен глобус“.
Во 1981-ва година имал страшна сообраќајна несреќа по која 3 дена бил во кома. По ова поминал 1 месец во болница, имал сериозно оштетување на мозокот, скршеници, но и повреди на лицето, заради што ликот целосно му се променил.
По сообраќајната несреќа морал да учи да зборува и да оди повторно, а вели дека сѐ уште има проблеми со краткотрајната меморија, како последица на повредата на мозокот.