Натали Портман и уште 9 холивудски ѕвезди кои се истакнуваат со интелигенцијата
Лиса Кудроу
Ѕвездата од пријатели има факултетска диплома од областа на биологијата. По дипломирањето, со нејзиниот татко работела на клиничка студија за главоболки која подоцна била објавена.
Актерката планирала да го продолжи образованието, но се премислила кога ја добила улогата во популарната серија.
Мајим Бјалик
Мајим се прослави со серијата The Big Bang Theory каде што глуми невробиолог.
Вo реалноста, таа има докторат во областа на неврологијата.
Актерката го има изучувано хебрејскиот јазик, а учела и на Харвард и Јејл.
Дејвид Духовни
Актерот најпознат по серијата X-Files студирал англиска литература на Универзитетот Принстон, а студиите ги продолжил на Универзитетот Јејл.
Тој се запишал и на докторски студии, но успехот во филмската индустрија го одвратил од намерата да докторира.
Кејт Бекинсејл
Познатата актерка студираше француска и руска литература на Оксфорд, а покрај англискиот, течно зборува три јазици – француски, руски и германски.
Џоди Фостер
Џоди Фостер научила да чита на 3 години и од рана возраст се истакнувала со својата интелигенција.
И покрај ангажманите уште во детството, таа била одлична ученичка, а подоцна студираше литература на Јејл.
Спирова С. | Црнобело