Скопје, 12 јуни – Повеќе од 200 млади присуствуваа на втората конференција „Чувари на мудроста“, во организација на Халкбанк АД Скопје, на која своите искуства, совети и рецепти за успех ги споделија 14 говорници кои работат во различни области. Настанот беше вистинска платформа на која се обединија знаењето на успешните и реализирани професионалци и полетноста и амбициозноста на младите студенти и претприемачи.