Saatchi & Saatchi Скопје го освои регионот!
- Детали
- понеделник, 10 јуни 2024
Saatchi & Saatchi Скопје, дел од Publicis Groupe Скопје и оваа година го освои CIM Forum Котор 2024. На регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Forum Котор 2024 кој се одржа од 6-9 јуни во Котор, Црна Гора, Saatchi & Saatchi Скопје освои 6 награди меѓу кои незначајните: Агенција на годината и Кампања на годината за кампањата Tongue twisters (Брзозборки) за Црногорски Телеком.
Покрај овие 2 награди Saatchi & Saatchi Скопје, освои уште 4 награди во други категории:
- Надобро лансирање на нов бренд - Saatchi & Saatchi Skopje – „Kad će prvi?“ за НЛБ Банка Подгорица
- Најдобра интеграција на традиционални и нови медиуми - Saatchi & Saatchi Скопје - „Брзозборки“ за Црногорски Телеком
- Најдобра кампања со ограничен буџет - Saatchi & Saatchi Скопје – „Брзозборки“ за Црногорски Телеком
- Најдобра употреба на видео/мултимедиа - Saatchi & Saatchi Скопје – „Пројект летовање“ за Црногорски Телеком
Креативните проекти за чија реализација, Saatchi & Saatchi Скопје ја доби довербата на своите клиенти e потврда за успешната партнерска соработка и за заедничкиот успех.
„Овие награди се значаен успех за нашата агенција, потврда за креативноста и извонредноста на тимовите, кои успешно работат за клиенти и проекти надвор од границите на нашата земја, посебно во Црна Гора и земјите од Адриатик регионот”, изјави Дејан Спиркоски Креативен Директор на Saatchi & Saatchi Скопје.
Тимската работа, талентот, одличноста на агенцискиот производ и успехот на брендовите на клиентите се во фокусот на Publicis Groupe Skopje, и тоа се негува веќе повеќе од 27 години. Со континуиран напредок, иновативност во комуникациите и примената на технологии, оваа агенција е еден од креативните и комуникациски лидери во регионот, работејќи на проекти со широк опсег на комуникациски и маркетиншки специјализации, во речиси сите индустрии.
CIM Forum се одржува по трет пат во Котор и е регионален фестивал на кој се слави креативноста, иновативноста и извонредноста во областа на креативните индустрии, маркетингот, медиумите и комуникациите. На него присуствуваат истакнати имиња од областа на маркетингот, медиумите, уметноста и другите комплементарни креативни индустрии од Црна Гора и регионот.