Може ли еден збор целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата? Може, ако е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата Just Add Coca-Cola (Само додај Coca-Cola), прва кампања во земјава целосно креирана со користење алатки за вештачка интелигенција, зад која стои маркетинг-агенцијата „Њу момент Скопје“.