Првата лимитирана едиција на IQOS ILUMA - Neon Purple достапна на македонскиот пазар
- Детали
- вторник, 18 јуни 2024
Филип Морис Интернешнал (ФМИ) ја продолжува својата посветеност кон развој на алтернативи без чад, наменети за полнолетните пушачи, со лансирање на првата лимитирана едиција на најнапредните уреди до сега - IQOS ILUMA.
IQOS ILUMA лимитирана едиција Neon Purple веќе е достапна на сите редовни IQOS продажни места низ земјата. Овој иновативен уред освен што користи SMARTCORE INDUCTION SYSTEM технологија, која претставува најнапредната технологија за загревање на тутун до сега, се одликува и со впечатливи неонски бои и дизајн. Надворешноста на уредот е во елегантна виолетова боја, додека внатрешноста е обоена со силна магента нијанса. Како и кај претходните верзии на ILUMA уреди, нема остатоци од тутун, нема потреба од чистење, што овозможува севкупно подобро и почисто корисничко искуство.
Технологијата што стои зад овие електронски уреди овозможува загревање на тутунот на контролирани температури, процес кој целосно го елиминира согорувањето. Поради отсуството на согорување не се создава чад, катран и пепел. Ова резултира со намалување до 95% на штетните или потенцијално штетните соединенија, споредено со чадот од цигарите, што не значи дека е без ризик, бидејќи ослободува никотин.
Повеќе информации за оваа лимитирана едиција, може да најдете на веб-страница на IQOS или на продажните места, а дополнително, оваа среда (19.06.2024) во IQOS бутикот во Diamond Mall, сите IQOS корисници, полнолетни пушачи и корисници на производи кои содржат никотин, ќе имаат можност одблиску да се запознаат со лимитираната едиција и да го персонализираат својот уред со помош на специјално дизајнирана машина за гравирање.