Беспрекорен изглед и заштита на кожата ова лето

Да се најде најдобриот производ за заштита на кожата понекогаш е предизвик, особено ако се соочувате со појава на дамки од сонце или хиперпигментација. Производ што нуди оптимална заштита од сонце и се справува со специфичните проблеми на кожата може навистина да биде тешка задача.

besprekoren-izgled-i-zashtita-na-kozhata-ova-leto-1-01.jpg

Иновативните производи на пазарот се ретка појава, токму таков е и производот на Еуцерин Sun Pigment Control Tinted SPF50+ комбинација на напредна технологија за заштита од сонце и насочена контрола на пигментацијата на кожата производ што има потенцијал да ја револуционизира рутината за нега на кожата. Зошто ова е паметен избор е секако супериорната заштита од сонце.

Кога станува збор за штетните ефекти на сонцето производот има силна УВ заштита и напредна спектрална технологија. Моќната мешавина на УВА и УВБ филтрите. Овозможуваат сеопфатна заштита од изгореници, предвремено стареење и други оштетувања на кожата предизвикани од сочевите зраци.

Секако најистакнатиот ефект на кремата е да се спречи појавата на темните дамки. Во својата формулација содржи Ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ и ХЕВИС светлината. Со ова не само што се намалуваат темните дамки туку се помага и при спречување да се појават нови, особено со редовна употреба. Оваа сподобност го издвојува Еуцерин Sun Pigment Control Tinted SPF50+ како идеален избор против хиперпигментација.

besprekoren-izgled-i-zashtita-na-kozhata-ova-leto-1-02.jpg

Двојниот ефект на производот е тоа што содржи пигменти во боја и на тој начин се овозможува моментално изедначување на тенот. Затемнетата крема совршено се впива во кожата и обезбедува природен изглед. Така истовремено е козметички производ и крема за сончање. Бидејќи е погоден за сите типови кожа, неговата нежна формулација го минимизира ризикот од иритација.

Беспрекорната заштита на кожата треба секогаш да биде приоритет, особено ако се справуваме со проблеми со пигментација. Но, да се изедначи тенот е исто така од огромна важност кога се користи заштитна крема за сончање. Ваква комбинација може значително да ја олесни дневната рутина во летните денови и да ја стопи грижата за кожата на лицето.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg