Креативен ден 2024 - моден перформанс

Раскошниот и гламурозен амбиент во кристалната сала на Офицерски Дом, Битола Саботата на 1ви Јуни, беше Дом на младиот моден потенцијал, на креативноста и новата урбана приказна која ќе ја испишуваат новите генерации.

kreativen-den-2024-moden-performans-01.jpg

На модниот перформанс во рамките на КРЕАТИВЕН ДЕН 2024, познати Дами ги носеа креациите на средношколци, работени под менторство на модни дизајнери. На сцената воодушевија сите учесници. Темата, на која креираа оваа година, беше ЦВЕТ - предложена од професорките, кои се дел од организаторскиот тим. Видовме различни стилови на модно изразување, впечатливи модни додатоци, рачни ирзаботки на цветови, смели модни кроеви. Се претставија 23 ученици заедно со своите тимови, составени од Дама, успешна реализирана деловна жена, во улога на модел и модниот дизајнер, ментор низ целиот процес на реализација. Покрај тимовите од градот домаќин, зедоа учество средношколци и млади дизајнери од Куманово, Кавадарци, Богданци, Прилеп, Штип, Охрид и Ресен. За Креативен Ден гласно зборуваше цела Македонија.

kreativen-den-2024-moden-performans-02.jpg

Фотографиите  зборуваат за звучните имиња на учесниците и брилијантните успешни дами кои ги имаше во задоволителен број. Аплаузот од публиката го потврди трудот и ентузијазмот на сите учесници.

Креативен ден е комплексна приказна, настана како одговор на промените кои се случуваат во заедницата. Имено со брзиот развој на ИТ технологијата, дигитализацијата, многу занаети останаа „заглавени во времето“, но наместо да ја бараме вината и да евоцираме спомени, од Продукција Божиловиќ силно веруваат дека единствено решение е осовременување на методот на образование, да станат повторно атрактивни струките за младите. Верувајќи во својата идеа, веќе трета година ја реализираат оваа креативна приказна заедно со професорките од средно текстилно училиште од Битола.

kreativen-den-2024-moden-performans-03.jpg

Затоа слободно може да се каже дека КРЕАТИВЕН ДЕН е промотивна алатка на стручните училишта,поттик на претприемништво помеѓу младите, да размислуваат „надвор од кутијата“, а земајќи во обзир дека текстилната струка е една од најстарите струки  и еден од столбовите на стопанството, да се бавиме со решавање на оваа проблематика е сериозна работа.  Покрај главната  цел, поттик за личен развој и побрзо финансиско осамостојување,  Креативен Ден се грижи и за подигање на  свеста за проблемите со текстилниот отпад и прекумерната потрошувачка, активно вклучување во циркуларната економија. 

Облеката е потреба, а модата е уметност и зазема сериозно место во Културата како концепт. Модата е уметност која е секогаш  во првите редови на сите други дисциплини, веќе преминува во традиција  модниот перфроманс да започне со уметничка точка, еден совршен спој, оваа година тоа беше со прекрасната музичка изведба на младите талентирани пијанисти, Теона Буџаковска и Јане Петровки како Пијано Дуо.

kreativen-den-2024-moden-performans-04.jpg

“Креативен ден 2024“ концепт кој ги негува иновациите на модните активисти и го носи новото време, со поддршка на:

Perwoll, Кромберг и Шуберт, Тахомобил, Божиновски Фондација, Тритекс, Албатрос, BlackBello дизајн студио, ОПТИКА Zeiss, Oriflame, Avon, Silver Moon, S&S Silvy Style, LDR Parts, Franck кафе, Сук Импекс, Матекст – 08, МинеТекс, Цвеќарница Green Garden, Цвеќарница Витраж, Ермитаж. A бекстејџот беше под палката на Орифлејм & Ајтен, Art фризерско и мејк ап студио и Лаурел Козметичко Студио.

kreativen-den-2024-moden-performans-05.jpg

На  “Креативен ден 2024“  настапија професорките од средно текстилно училиште Битола, ученичката  Мирјета Адеми заедно со Соња Димитровска, сопственик на приватното училиште “Клик“. Потоа Весна Божиловиќ моден дизајнер, Ана Трајановска ученик и Ана Ристевска, сопственик на “Јавен Адвертајзинг“ секако со ќерката на Ана како неизбежно моден додаток од креацијата. 

Во тимот на Христијана Голубовиќ, моден дизајнер, беа Јасмина Атанасова – професор во средното медицинско училиште и Виолета Мишакова – ученик на текстилната струка во СОУ  “Таки Даскало“.

На сцената се појави и тимот на Ирена Стојчевска, моден дизајнер, Оливера Трајкова – професор по виолина во Државното музичко училиште  и ученичката Кристина Стојчевска. Потоа се појавија и Маја Андреевска – моден креатор, ученичката Мелинда Ајдиновска и Соња Кондовски – професор по француски јазик.

kreativen-den-2024-moden-performans-06.jpg

Тимот на Мирјана Дамјановска, модниот дизајнер,  беше составен од Сузана Рома -сопственичка на познатиот бутик за чевли “Рома“ и Ангела Нечовска ученичка во СОУ “Таки Даскало“.

Александар Ортаковски – моден дизајнер, беше заедно со  Јасмина Ортаковска – одделенски наставник и ученичката Маја Автаровска.

На сцената се појави и тимот од Охрид, составен од Екатерина Петревска, Бисера Нечовски и ученичката Андреа Ризовска. Настапија и дизајнерот Снежана Петровска Вала, заедно со ученикот Сибел Аљиљи и Марина Коруновска – оперски пејач и диригент.

kreativen-den-2024-moden-performans-07.jpg

Тимот на Маја Петковска – моден дизајнер беше составен од Ружа Коњановска економист и ученичката Садет Амедовска. Мирјана Момировска, модниот дизајнер беше во тимот заедно со Наташа Грамосли – сопственик на градежната фирма “Грамонд“ и  ученичката Назал Рамизова.

Од Штип на сцената во Офицерски дом Битола се појавија Наташа Тасева, моден дизајнер, наставник по стручни предмети и ученикот Огнен Митревски, а од Штип имаше уште еден тим, Лидија Ѓорѓиева професор, Симеона Томова сопственик на моден бренд за модни додатоци “Revoir.Mk“ и ученичката Моника Ристова. 

Тимот од Прилеп беше во состав Јулијана Поповска професор и ментор, моден дизајнер Мирјана Ванчева и Андријана Дукоска – позната виолончелистка и ученик Евгенија Тасеска. Јулијана Поповска професор и ментор, Мирјана Ванчева – модниот дизајнер, Весна Апостолоска, сопственик на туристичка агенција  и Андреа Костадиноска – ученичка Од креативната приказна дел беше ученичката Софија Етемовска заедно со Мими Дуева вработена во текстилната компанија “Mercury“.  Од Богданци ни доаѓа и тимот составен од Весна Ристовска, професор и дизајнер кој заедно со ученичката Валона Етемевска креираа за Сара Џекова, дипломиран елекротехнички инженер. Тимот од Кавадарци беше во состав Боркица Андоновска,  моден дизајнер и Ларита Василова, ученик и Станка Василова.

kreativen-den-2024-moden-performans-08.jpg

Тимот од училиштето Перо Наков од Куманово составен од Викторија Крстевска, моден дизајнер и наставник во училиштето, ученичката  Миа Тодоровска и Елена Најдоски – ТВ лице. Моника Ангелевска, моден дизајнер од Ресен беше заедно со ученичката Ева Ацковска, а дизајнираа модел за Билјана Гошаревска, вработена во Заводот за рехабилитација во Отешево.

Благој Мицевски – моден дизајнер се претстави заедно со Христина Секирска – ученичката и Марина Цигарида, регионален менаџер за продажба на АВОН. Анастасија Зулевска моден дизајнер заедно беше со Стефанија Милевска Враниќ музички артист и ученичка – Тамара Ѓорѓиевска

Билјана Крајчевска драматург во Народен театар Битола беше во креација на Муамед Маликовски и Флоренсија Дурак, пренесувајќи ја раскошната и впечатлива порака на времето во кое живееме. Неговиот раскош е она лице на времето кое го живееме – да грабне, да заслепи, да те заведе.

Повеќе фотографии од настанот во продолжение:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg