Александар Михајловски во улога на еко-активист
- Детали
- петок, 14 јуни 2024
Облечен во нуркачко одело, заедно со нуркачите од пливачкиот клуб Амфора правеше „скаутинг“ на локациите кои беа дел од големата чистачка акција на СКОПСКО како дел од платформата ‘Наша Гордост. Наша одговорност,’ а потоа рамо до рамо со волонтерите, ја чистеше убавата плажа Дебрца.
За тоа како јавните личности придонесуваат за подигнување на свеста кога станува збор за општествено одговорни акции, разговаравме со актерот Александар Михајловски.
Како ти изгледа целокупното искуство со нуркачкиот клуб Амфора и воопшто со платформата ’Наша Гордост. Наша одговорност.‘?
Пред сé, голем поздрав до целата екипа на нуркачкиот клуб Амфора и до целата екипа која стои позади платформата ‘Наша Гордост. Наша Одговоност’. Би можел слободно да кажам дека се големи професионалци кои си ја знаат својата работа. Имавме прекрасна дружба и мислам дека, како и секогаш, завршија голема работа.
Беше и дел од волонтерите кои чистеа на копно. Колку ѓубре собравте и од што беше најмногу изненаден?
Не би знаел точно во бројка да ти кажам колку ѓубре се собра, но сепак од плажата извадивме премногу отпад. Најмогу бев изненаден што воопшто имаше толку многу ѓубре на такво прекрасно место.
Дали претходно имаш учествувано во еко-акции од ваков тип?
Сум учествувал и претходно во еко-акции, но за првпат вака, што би се рекло во првите редови.
Што те мотивираше да се приклучиш на платформата ’Наша Гордост. Наша одговорност.‘ и да допринесеш кон подигнување на свеста за зачувување на природните знаменитости во Македонија?
Ме мотивираше тоа дека сепак можеби ќе се покрене свеста кај луѓето да си ги зачуваме природните убавини, кои сепак се наша одговорност.
Како ја гледаш улогата на јавните личности, или денес популарно кажани инфлуенсери, во подигањето на свеста за еколошките проблеми, заштитата на знаменитостите и воопшто, кога станува збор за нешта кои го засегаат општото добро? Дали сметаш дека ова влијание може да има долгорочен ефект?
Сметам дека секоја јавна личност, не само инфлунсерите, некако е должна да придонесе што е можно повеќе кон тоа ваквите акции да допрат повеке до јавноста. Искрено се надевам дека би можело да има долгорочен ефект.
Дали имаш во план понатамошни акции или иницијативи што планираш да ги преземеш како дел од оваа кампања или во поголем контекст на застапување на животната средина?
Со една група на спортски етузијасти имаме неколку места кои би сакале да ги исчистиме самоиницијативно. И да, имам во план за во иднина, повеќе да се залагам за животната средина.
Текстот е дел од рубриката што ја реализираме во соработка со Скопско во рамки на платформата за општествена одговорност за заштита на македонските природни и културни обележја „Наша гордост. Наша одговорност.“