За подобри услови во образованието: Мozzart продолжува да донира техничка опрема ширум Македонија
- Детали
- среда, 12 јуни 2024
Продолжува големата акција на опремување на образовните институции со најсовремена техничка опрема.
Компанијата Mozzart реализираше уште една донација, во склоп на нејзината општествено одговорна мисија, па така ООУ „Мирче Ацев” доби смарт телевизори со кои ќе се подобри наставниот процес и ќе се олесни работата на наставниците.
„Од мое и името на вработените во училиштето, изразувам голема благодарност до Mozzart за донацијата на смарт телевизори. Тие ќе ги користат учениците од 1во до 3то одделение за реализација на дел од наставните содржини”, изјави М-Р Гордана Насковска директор на ООУ Мирче Ацев.
Тв уредите ќе бидат поставени во училниците, а два од нив во главниот ходник.
„Да се има добро и квалитетно образование е една од најбитните работи, исто колку и условите во кои се одвива наставниот процес. Токму поради тоа, Mozzart со задоволство ја реализираше оваа донација. Соработката со образовните институции во Македонија продолжува и натаму”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
Долга е листата на училишта кои до сега од лидерот во приредување игри на среќа ја добиле потребната техничка опрема.
Дел од нив се ООУ „Блаже Конески” – Скопје, ООУ „Јан Амос Коменски” – Скопје, ООУ „Страшо Пинџур” – Скопје, ООУ „Невена Геоrгиева Дуња” – Скопје, ООУ „Ванчо Прке” – Штип, ООУ „Ѓорѓи Сугаре” – Битола.
Младите се нашата иднина, па тргнувајќи од ова мото, Mozzart ќе продолжи и натаму со реализација на вакви и слични активности.