Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb ја промовираа новата песна „Место“

На 10 јуни, во скопскиот локал „Лабораториум“ се одржа промоција на новата песна на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb наречена „Место“.

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-01.jpg

Настанот привлече огромно внимание кај младата публика која уживаше во забавата и имаше можност да ги види омилените артисти, но и со нив да ја прослави пораката што ја испраќа нивната нова заедничка песна.

„Место“ е продолжение на иницијативата #НаправиМесто на Македонски Телеком. Песната се надоврзува на главната идеја на оваа иницијатива, но низ една нова, свежа и креативна перспектива.

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-06.jpg

Преку неа, гласот на новата генерација ја раскажува приказната за старите проблеми, за тензијата којашто доаѓа од нашето место и сето она што нè опкружува, за социјалната галама и различностите коишто нè прават сè подалечни едни од други.

Но, наместо само да критикува, песната мотивира и испраќа и повик до целата генерација - да го најдат најдоброто во себе, во другите, во ситуацијата во којашто се наоѓаме.

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-02.jpg

Во текстот се користат локални мотиви од нашата заедница за да се опише генералното чувство коешто сите го имаме, а е во духот на делата на нашиот голем драмски автор Горан Стефановски.

Како инспирација за нов наратив, во создавањето на песната се користат сегменти до делата на Стефановски.

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-04.jpg

„Нашата генерација живее со истите проблеми како и претходните генерации.

Сакавме да направиме позитивна промена и место за позитивна мисла, и покрај сета тензија и разлики; место за отворен ум и заедништво, затоа што има многу повеќе нешта што нè спојуваат отколку што нè разделуваат.

Затоа ја направивме „'Место'“ – вели Young Dadi, еден од авторите на песната.

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-08.jpg

Многубројната публика, составена претежно од млади луѓе и фанови на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb, дојдоа да го слушнат звукот на новата генерација, којшто испраќа порака дека треба да ги надминеме различностите. За вистински да се поврземе, треба да ги прескокнеме оградите поставени меѓу нас.

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-7.jpg

Во иницијативата #НаправиМесто, со која Македонски Телеком отвори дискусија за отвореност, разбирање и вистинско поврзување, досега беа вклучени познати личности, инфлуенсери, музичари, спортисти …

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-05.jpg

young-dadi-matej-foltz-i-zee-bomb-ja-promoviraa-novata-pesna-mesto-03.jpg

Тие ги споделуваа своите приказни за предизвиците со коишто се соочиле, повикуваа на единство и охрабруваа заедно да се бориме против предрасудите. На овој повик сега се приклучува и новата генерација преку креативниот израз и современиот звук на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb со песната „Место“.

„Место“ е достапна на сите популарни стриминг платформи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg