Подигнување на свеста за женското менструално и репродуктивно здравје и менструална сиромаштија: dm дрогерие маркт втора година по ред распишува конкурс за иницијативи од областа на женското здравје

dm дрогерие маркт втора година по ред објавува повик за пријавување на проекти за подобрување и зачувување на менструалното и репродуктивното здравје на жените како дел од општествено одговорната кампања {ЗАЕДНО} едни за други. Повикот е отворен до 4 август 2024 година и е упатен до сите здруженија, институции, единици на локална и регионална самоуправа и непрофитни правни лица (здруженија и фондации).

podignuvanje-na-svesta-za-zhenskoto-menstrualno-i-reproduktivno-zdravje-i-menstrualna-siromashtija-dm-drogerie-markt-vtora-godina-po-red-raspishuva-konkurs-za-inicijativi-od-oblasta-na-zhenskoto-zdravje-01.jpg

Апликациите се отворени на dm платформата www.dm-zaedno.mk, а проектите треба да имаат за цел да го подигнат нивото на значење за менструалното и репродуктивното здравје на жените, да ја променат перцепцијата за менструацијата во јавноста, што значи отстранување на стигмата од менструацијата и отстранување на чувството на срам кој често се поврзува со овој поим, како и придонес кон менструалната правда во земјава. Секој кандидат може да регистрира само еден проект, кој ќе се реализира на територијата на Република Северна Македонија.

Преку овој инспиративен проект, имаме за цел да обезбедиме платформа за жените да истражуваат и да добијат увид во различни теми поврзани со здравјето, истовремено поттикнувајќи чувство на заедница и поддршка. Жените често им даваат приоритет на потребите на другите, занемарувајќи го сопственото здравје и благосостојба, па затоа преку оваа кампања dm сака да им го врати вниманието, да ја подигне свеста за важноста на превенцијата, но и да негува култура на поддршка на жените“ – изјави Кристина Дуранска, маркетинг менаџер во dm дрогерие маркт во Северна Македонија.

Пријавените проекти мора да се усогласат со Правилата и условите за поднесоци на проекти објавени на платформата dm-zaedno.mk, а на пополнетиот формулар мора да се приложат детален опис на проектот и елабориран буџет. Компанијата dm дрогерие маркт ќе избере проекти кои во најголема мера ќе го поддржат женското менструално или репродуктивно здравје, кои се одржливи на долг рок, оригинални и можат да имаат влијание врз подигање на јавната свест за важноста од подобрување и зачувување на менструалното здравје на жените во нашата земја.

Поддршката од компанијата dm ќе се состои од донација на производи од асортиманот на dm, финансирање на услуги и/или набавка на потребни материјали и опрема за реализација на проекти, директна уплата на средства на сметката на носителот или комбинација од сите овие ставки.

За потсетување, dm дрогерие маркт минатата година за прв пат распиша ваков конкурс, преку кој беа поддржани 6 проекти од повеќе од 70 пријавени со средства во висина од 3 милиони денари.

Со цел подобрување на менструалната правда во земјава, компанијата dm уште на почетокот на месец февруари 2024 ги намали хигиенските производи Jessa во целиот регион. Дополнително, на женската трка во Скопје, која се одржа на 7 април оваа година, вработените од компанијата „трчаа за менструална правда“ и донираа 300 пакети со влошки за социјално ранливи категории на жени. Оваа донација dm ја реализираше во соработка со Здружението на новинари за човекови права од Скопје, а приматели на донацијата беа 300 жени од Битола, Охрид, Штип, Тетово, Гостивар и Скопје.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg