Викендов во Радовиш со дводневен забавно-спортски настан беше одбележан почетокот на новата сезона на проектот „Растеме во шампиони 2.0“ кој НЛБ Банка втора година по ред го реализира во соработка со организацијата „Отворени забавни фудбалски школи Македонија“. Проектот е дел од иницијативата на НЛБ Групацијата за развој на младински спорт, кој има за цел да ги поддржи локалните спортски клубови, да го промовира спортот меѓу децата, да ја поттикне нивната љубов кон физичката активност, спортскиот дух, но и да ги здружи и зближи без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус.