Одржана првата обука од Караванот на мајчинство: dm и Матрона советуваа стотина присутни на темата „Правилна нега и исхрана на мајки и новороденчиња“

Овој август, dm дрогерие маркт во соработка со Матрона -  Центар за промоција на здравје и човекови права започна ,,Караван на мајчинство“ кој ќе опфати online обуки, како и обуки со физичко присуство, кои ќе се одвиваат во текот на една година на темата ,,Правилна нега и исхрана на мајки и новороденчиња“. Првата обука од Караванот беше одржана на 14 август!

odrzhana-prvata-obuka-od-karavanot-na-majchinstvo-dm-i-matrona-sovetuvaa-stotina-prisutni-na-temata-pravilna-nega-i-ishrana-na-majki-i-novorodenchinja_01.jpg

Постои нешто навистина магично во бременоста. Секој ден во текот на деветте месеци во женското тело се случуваат биолошки процеси, организмот точно знае што да направи и кога. Кога го читаме ова, си велиме дека телото е програмирано само да ,,работи“ и ова нѐ доведува до тоа да поверуваме дека ние немаме контрола врз овие процеси.

Но, ова не е вистина. Постојат многу работи кои може да ги направиме за да го оптимизираме нашето здравје, но и здравјето на бебето.

Една од најважните работи овој период е негата и исхраната, а токму ова беше темата во првата обука на ,,Караван на мајчинство“ која се одржа на 14 август, онлајн на ZOOM платформата.

Прим. д-р Марина Поп Лазарова и Д-р Александар Митов 2 часа, во присуство на стотина пријавени споделија драгоцени совети за идните и новите мајки.

Тие разговараа за широк спектар на теми, започнувајќи од важноста и придобивките од доењето и мајчиното млеко (како за детето, така и за мајката), проценката на успешност за доење, измолзување и складирање на млекото, па сѐ до комплементарната исхрана која се воведува од 4-от до 6-от месец и начинот и стратегијата за воведување на оваа дополнителна исхрана.  

Тие испратија важна порака дека  е неопходен индивидуален пристап за секоја мајка и секое дете, но и доволно трпение за овој период.

odrzhana-prvata-obuka-od-karavanot-na-majchinstvo-dm-i-matrona-sovetuvaa-stotina-prisutni-na-temata-pravilna-nega-i-ishrana-na-majki-i-novorodenchinja-02.jpg

По обуката, следуваа бројните прашања од присутните, на кои беа дадени соодветни одговори проследени со совети и препораки сѐ со цел да им се помогне на трудниците и мајките во надминување на нивните лични и реални проблеми и дилеми.

Караванот на мајчинство во наредната цела година ќе опфати едукативни презентации, вебинари и работилници од страна на експерти од различни медицински области. Овие работилници ќе се одвиваат oнлајн на платформата ZOOM, но и со физичко присуство во различни градови.

Од компанијата велат дека емотивната поврзаност со нивните купувачи е нешто што тие ќе продолжат да го негуваат во текот на своето работење, а овој караван е нешто навистина значајно со кое се надеваат дека ќе се поврзат со идните и новите мајки.

Следната работилница е планирано да се одржи во септември, а за да го дознаете точното време и место, следете ги социјалните мрежи на dm!  

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg