DIY природна козметика: Направете освежително млеко за тело со неколку производи од dm
- Детали
- вторник, 20 август 2024
Доколку вашата кожа е оштетена од сонцето, негувајте ја природно... со кокос, лаванда и ленено семе.
Сонцето е нашиот животен еликсир, ни дава сила и обезбедува добро расположение. Не е тајна дека УВ зраците имаат и несакани ефекти. Во лето на нашата кожа ѝ треба добра нега која ќе ја разлади и првенствено ќе ја хидрира. Често е доволно да погледнете во кујната за да направите освежително млеко за кожата со неколку состојки и со малку труд, и секако во согласност со принципите на природната козметика! Што ви е потребно од dm за да ја негувате кожата со природно освежително млеко за тело?
- 200 мл dmBio кокосово млеко
- 100 мл dmBio кокосово масло
- 3 лажички ленено семе, цели зрна
- 5 капки Profissimo есенцијално масло од лаванда
Во тава ставете да зовријат кокосовото масло, кокосовото млеко и лененото семе. Потоа оставете да се готви 10 минути на најниска температура. По ова, процедете го лененото семе. За добро да се соединат сите состојки и течноста да добие форма на млеко, кратко хомогенизирајте ја со миксер. На крајот додадете пет капки есенцијално масло од лаванда. Истурете го млекото во садот додека е уште топло и оставете го да се излади.
Зошто ленено семе, кокос и лаванда?
Години наназад многу луѓе се потпирале на моќта на лененото семе. Лененото семе обезбедува хидратација и ја штити кожата. Во овој рецепт, скапоцените ленени семиња се комбинираат со кокосово масло. Маслото од ова тропско овошје дава многу хидратација, која на нашиот најголем орган му е најмногу потребна во лето. Кокосовото млеко му дава на ова хидратантно млеко убава кремаста текстура. Лавандата е вистинско универзално растение кое има повеќекратна употреба. Ја смирува кожата и може да се нанесе на неа како есенцијално масло.
Испробајте нешто ново ова лето и наградете ја кожата со одлична нега!