Штедење со Мој депозит - придобивка за примателите на плата во Халкбанк

Штедењето е многу паметна финансиска одлука, бидејќи имањето заштеда значи сигурност што е повеќе од добредојдена во денешно време. Но, покрај тоа што обезбедуваат сигурност, заштедите можат да донесат и приходи доколку не се чуваат „под перница“, туку се вложат во банка.

shtedenje-so-moj-depozit-pridobivka-za-primatelite-na-plata-vo-halkbank-01.png

Каматните стапки на штедните влогови почнаа да растат, па идеална можност е ваквиот период да се искористи и да се креира штеден влог, а воедно и да се одбере банка – долгорочен партнер за вашите финансиски планови и стратегии.

Производот Мој депозит на Халкбанк АД Скопје е со атрактивни каматни стапки и е наменет за физички лица кои имаат прилив по основ на плата, пензија или дополнителни примања во Халкбанк во претходните 90 дена од денот на отварање на депозитот.

Рокот на орочување може да биде на 13 и 25 месеци, а каматната стапка која е фиксна за целиот период на орочување, изнесува 3,40% доколку се штеди во денари, односно 2% за штедење во евра на рок од 13 месеци. Во случај на орочување на 25 месеци, каматата за денарско штедење е 3,80%, односно 2,50% за девизно штедење.

Кај овој производ минималниот потребен влог за креирање депозит е 3.000 денари, односно 50 евра, а негова посебна атрактивност е што овозможува дополнителни уплати пред истекот на датумот на доспевање, што значи дека секоја нова заштеда можете да ја додадете на веќе оформениот депозит. Делумно повлекување на средстватa не е дозволено пред истекот на периодот на орочување, a каматата може да се исплаќа месечно или на крајот на периодот на орочување.

Производот Мој депозит инаку е дел од услугата „Приматели на плата“ на Халкбанк која на секој корисник му носи и значајни бенефиции. Секој што ќе отвори трансакциска сметка во Халкбанк и преку неа остварува редовен доход, добива Mastercard Debit Contactless картичка со која може да подигнува готовина од банкоматите на сите банки во земјата без провизија, а добива и и можност за дозволено пречекорување на тековната сметка во висина до три месечни плати.

Уште една можност што ја нуди банката за обезбедување средства за задоволување на одредени потреби се кредитните картички од светските брендови Visa и MasterCard. Со нив, не само што секогаш ќе имате дополнителен извор на средства, туку ќе можете и да пазарувате на рати без камата во мрежата на трговци со кои Банката има склучено договор за рати без камата и да добивате бонус поени за секоја трансакција. Бонус програмата обезбедува добивање одреден процент на попуст при одредени пазарувања, кој на вашата сметка се евидентира како бонус поени кои потоа може да ги искористите на било кое продажно место каде што постои ПОС терминал на Халкбанк.

Халкбанк, како лидер во воведувањето нови технологии, на сите оние кои ќе отворат сметка во банката им нуди и современо, брзо и сигурно електронско и мобилно банкарство кое овозможува добивање нотификации за примена плата како и за секој прилив и одлив, но и извршување на останати обврски online.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg