Скопје, 2 декември 2022г. – Над 100 волонтери Пиварци, претставници од општините Охрид, Струга и Дебрца, Црвен крст Охрид, нуркачките клубови Амфора и Акватек, денеска го исчистија дното и крајбрежјето Охридското Езеро на 7 локации. Во рамки на акцијата која беше организирана од Пивара Скопје преку брендот СКОПСКО, а поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Пакомак, беше собран отпад на вкупна површина од над 100.000 метри квадратни.