Пакомак донираше 200 канти за отпад во Општина Берово
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
Пакомак продолжува со донации и инвестиции со цел подобрување на комуналната инфраструктура во земјава. Деновиве беа донирани и 200 индивидуални канти за собирање на ПЕТ амбалажа во Општина Берово.
Новите канти за ПЕТ амбалажа претставуваат значајна инвестиција за Општината, која претставува продолжување на процесот за складирано управување со отпадот на оваа територија. Со цел целосна реализација на активностите, градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски, потпиша и партнерски договор со Пакомак.
„Полека, но сигурно, продолжуваме со воспоставување на систем за селектирање на комуналниот отпад во општината и градиме чиста и здрава животна средина за сите нас“, изјави градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски.
Отпадот кој се создава секојдневно треба да заврши на вистинското место, со цел да ѝ дадеме шанса на нашата планета да биде здраво и чисто место за живеење. Селектирањето на отпадот е исклучително важен дел од процесот на рециклирање, бидејќи само на тој начин „ѓубрето“ станува рециклажен отпад кој може да отиде во погоните и да биде преработен со цел повторно да се употреби. Токму затоа, Пакомак инвестира во иднината и преку донации и партнерства ја зајакнува комуналната инфраструктура и ја подига свеста за значењето на правилна селекција и одложување на отпадот.
„Никој друг не може да го земе пластичното шише од вашиот дом и да го фрли во контејнерот за селекција, освен вие самите. А вашиот избор не е само ваш, туку и избор за тоа како ќе живеат вашите деца“, порачаа од Пакомак.