Првиот „фиат 500“ во наградната игра „Отвори и освој“ на „Паскалин“ заминува кај семејството Зејадини
- Детали
- петок, 02 декември 2022
Заим Зејадини од скопското село Моране и неговата внука Мевлуде отворија и ја добија првата од трите главни награди „фиат 500“ во наградната игра на кафето „Паскалин“.
Клучевите од новиот автомобил им ги врачи познатата македонска пејачка Каролина Гочева, на свечена церемонија што се одржа денеска во „Рамстор мол“.
- Многу сме среќни што ја добивме оваа награда. Кафето „Паскалин“ го купуваме и го пиеме со години, тоа е нашиот прв избор. Ова е прва голема награда што ја добиваме на која било наградна игра. Не ни се веруваше кога го пронајдовме жетонот – вели Мевлуде.
Добитното пакување е купено во маркетот „Рамстор“ во „Рамстор мол“. Во игра остануваат уште два автомобили „фиат 500“
Досега се доделени и 10 електрични тротинети од вкупно 50 во наградниот фонд на „Отвори и освој“. Тие се дел од вкупниот награден фонд кој изнесува 19.950 вредни награди, скриени во пакувањата „Паскалин“ заедно со вашите омилени зрна арапско кафе.
Како да стигнете до една од многуте вредни награди? Побарајте го добитниот жетон во вашето пакување „Паскалин“. Едноставно, отвори и освој!
На семејството Зејадини му честитаме и му посакуваме безбедно возење! Сите други, побрзајте, во пакувањата на вашето омилено кафе ве очекуваат уште вредни награди.