Уреа за хидрирана и мека кожа во зимските денови

Намалена еластичност, црвенило, лупење - студеното време може да биде многу грубо со нашата кожа. Во зимскиот период потребно е да ѝ посветите на вашата кожа дополнителна нега за да ја заштите од сушење и прерано стареење.

urea-za-hidrirana-i-meka-kozha-vo-zimskite-denovi-01.jpg

За да изгледате и да се чувствувате одлично, клучно е да ѝ овозможите интензивна и долготрајна хидратација на вашата кожа. Во рутинската нега вклучете длабинска хидратација бидејќи студoт и ветерот ја нарушуваат функцијата на природната бариера на кожата, што предизвикува зголемено губење на влажноста низ кожата.

urea-za-hidrirana-i-meka-kozha-vo-zimskite-denovi-02.jpg

Во зима први на удар се деловите што се директно изложени на надворешно влијание, како што се лицето и периферните делови на телото, нозете, стапалата и рацете. Тие имааат потреба од интензивна нега со дерматолошки тестирани производи кои содржат уреа и одговараат на кожата. Затоа линијата на Еуцерин за нега на сува и груба кожа сега е збогатена со 2 нови производи, кои покрај тоа што овозможуваат длабинска хидратација, имаат и смирувачки мирис. Овие производи помагаат кожата да ја добие потребната нега, но и убаво да мириса. Станува збор за EUCERIN BODY 5% UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање и Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Парфимиран лосион за тело.

urea-za-hidrirana-i-meka-kozha-vo-zimskite-denovi-03.jpg

Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори на кожата. Заради намалената функција на лојните жлезди кај сувата кожа, во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Освен претходно наведените активни состојки, во лосионите за нега на кожата на телото има и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

Линијата на производи Eucerin® UreaRepair PLUS содржи повеќе производи со различна концентрација на уреа. Целта е да се задоволат индивидуалните потреби на сувата кожа за замастување, хидратација, отстранување на изумрените површински клетки и смирување на интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и слично и да уживаме во својата кожа.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg