Гликемиски индекс и волумен на калориите: Зошто е важно да ги знаеме овие поими?

На оваа тема, која може да придонесе да си ја подобрите здравствената состојба, нутриционистката Симона Коруновска и dm споделуваат добри и ефикасни совети

glikemiski-indeks-i-volumen-na-kaloriite-zoshto-e-vazhno-da-gi-znaeme-ovie-poimi-fb.jpg

glikemiski-indeks-i-volumen-na-kaloriite-zoshto-e-vazhno-da-gi-znaeme-ovie-poimi-01.jpg

Гликемискиот индекс е бројна вредност, која означува колку брзо телото ги конвертира, односно, преобразува, јаглехидратите во глукоза, којашто човечкиот организам најчесто ја користи за енергија. Оваа вредност, всушност, може да ни покаже која храна има „пријателски“, а која „непријателски“ јаглехидрати. За сите што се справуваат со дијабетесот, за бремените жени, спортитстите, тие што сакаат да ја намалат телесната тежина и тие што сакаат стабилно ниво на енергија, гликемискиот индекс игра голема улога. Токму поради тоа и треба да се внимава тој да биде во границите на нормалата.

Гликемискиот индекс, претворен во број, може да се движи од 0 до 100. Според тоа, наједноставната поделба на храната може да се направи со низок, среден и со висок гликемиски индекс.

Исхраната со низок гликемиски индекс овозможува стабилно ниво на енергија, со постепено огладнување. Од друга страна, исхраната заснована на оброци со висок гликемиски индекс набрзина ни дава голем наплив на енергија, но кога таа ќе се потроши, нагло почнуваме да чувствуваме глад. Како резултат на ваквите движења, нужно е да се направи рамнотежа, односно да се одржува средно ниво на гликемиски индекс.

Повеќе информации за гликемискиот индекс може да погледнете во ова видео: Што е гликемиски индекс и зошто е важен? - YouTube

Во контекст на гликемискиот индекс, за оброците и за храната што ја јадеме значајно е да се знае и густината на калориите (calorie density). Овој термин го прикажува количеството калории во одреден волумен на храната. На етикетите на храната, мерката најчесто е 100 грама, односно за оваа тежина може да се провери колку протеини, масти, јаглехидрати и други елементи има оброкот и колкава е нивната вредност во калории.

Дел од најкалоричните продукти се растителните масла, животинските масти, полномасните млечни продукти, јаткастите плодови и путери, семињата, чоколадата, црвеното месо, како и сушените овошја.

За разлика од нив, храна со најмалку калории се зеленчукот, овошјето, грчкиот јогурт со намалена масленост, како и легуменозниот зеленчук.

Ако сакате да дознаете повеќе интересни информации на оваа тема, погледнете го видеото: Што е волумен на исхраната? - YouTube

За кого е важен волуменот на исхраната? За сите што не се задоволни од тежината и сакаат да ја намалат, но и тие што сакаат да задржат оптимално ниво на телесна тежина!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg