Дали мора да ставите плочки позади елементите во кујната: совети за уредување со архитект Ивана Белчева од Керапро

dali-mora-da-stavite-plocki-pozadi-elementite-vo-kujnata-soveti-za-ureduvanje-so-arhitekt-ivana-belceva-od-kerapro-01.jpg

Честопати, во модерното уредување на кујните, многумина се обидуваат да ги прескокнат плочките на ѕидната површина позади елементите во кујната. Пред сѐ, затоа што на овој начин може да се заштеди барем малку. 

За тоа дали е ова паметно решение, за какви плочки да се одлучите и уште неколку практични совети кои ќе ви се најдат при уредувањето на кујната, поразговаравме со Ивана Белчева (Костовска), магистер по архитектура, сопственик и проектант во салонот за плочки Керапро. 

Дали е навистина добро решение да не се постават плочки позади елементите во кујната? 

Предноста на поставени плочки позади елементите е што плочката претставува најиздржлив материјал кој ве заштитува од вода.

Се разбира дека во кујната имате најмалку шанси да ви протече црево, но ние советуваме да се постават бидејќи и тој мал процент ќе ви заштеди многу доколку дојде до била каква хаварија.

Ова посебно се однесува на викенд куќи и станови каде нема постојан престој.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-02.jpg

За да ја решиме заеднички потребата од поставување на плочките позади елементите, вообичаено е да се изберат плочки со пониска цена и помалку воочлив дизајн.

Секогаш имајте на ум дека квадратурата позади елементите е поголема од квадратурата која се гледа.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-03.jpg

До која висина е препорачливо да се постават елементите, и колкав да биде просторот измеѓу долните и горните елементи?

Долните елементи на кои е поставена работната плотна, шпоретот и мијалникот се поставуваат на висина од 85-95cm.

Како најчеста висина се појавува 90cm, но ако веќе правите нова кујна, висината на плотната треба да зависи од просечната висина во семејството или лицата кои ќе ја користат.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-04.jpg

Кај повисоки луѓе се препорачува да е на повисоко и обратно. Просторот пак измеѓу долните и горните (висечките) елементи е со висина од 50 – 60cm.

Овој простор повторно може да зависи од висината на корисникот, но многу често се случило да зависи и од димензијата на плочките.

Пример, кога целитиот потег треба да е од една плочка со димензија 50/300cm и дебелина 3mm, просторот останува во таа висина, бидејки во спротивно би се појавило парче плочка која не би изгледала добро.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-05.jpg

Доколку плочките се со димензија 25/50cm, а клиентот сака просторот да е 60cm, најдолната плочка во редот дел би била сокриена позади елементот и надолу бу се продолжило со некоја друга плочка.

Постојат решенија за секој проблем, нам ни е најбитна насоката која ја добиваме од клиентот, а потоа пронаоѓаме креативни решенија кои не ја нарушуваат естетиката на просторот.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-06.jpg

Во последно време, дизајнерите се обидуваат да ги „исклучат“ и подните плочки во кујната...

Овој тренд е произлезен од тоа што кујните во денешно време се поврзуваат со дневните простории и трпезариите, па се појавува линија на пресек измеѓу плочките и паркетот/ламинатот.

Додека порано за кујна секогаш се предвидувала посебна просторија, денес со развојот на технологијата на аспираторите кои имаат многу голема моќ, а воедно и трендот помалку да се готви дома, кујните стануваат интегрален дел од дневната соба.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-07.jpg

Ние советуваме секако на подните површини да се постават плочки бидејки овој дел е многу често изложен на капки вода, храна и други хемиски средства за одржување на кујнските елементи кои би предизвикале побрзо оштетување и излижување на подот.

Подните плочки секогаш треба да бидат од вештачки гранит, кој е непорозен и отпорен на силни хемиски средства.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-08.jpg

Се разбира, доколку сакате да ја изгубите линијата на пресек секогаш постојат иновативни и креативни решенија кои би ја омекнале линијата на спојот.

Може да се работи со повеќеаголна плочка (пентагон, хексагон...) која ќе ја разбие линијата, потоа може да се бара боја која ќе биде најслична со постоечкиот под или пак ќе се направи контраст.

Сите овие аспекти ги разговараме со клиентите и доаѓаме до заеднички идеи и решенија.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-09.jpg

Каков треба да биде дизајнот и бојата на плочките? Што препорачувате?

Најчесто клентите знаат дали сакаат мали и големи плочки. Доколку сакаат да добијат модерно решение, каде плочките се во втор план, одиме со поголеми плочки (60/60, 60/120cm) кои се имитација на природни материјали (мермер, гранит, глина...).

Во ваков случај подната и ѕидната плочка се исти, па му дозволуваат на клиентот да има повеќе игра во кујнските елементи.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-10.jpg

Потоа, како модерно решение е и поставувањето на плочки во големи димензии како 100/100cm, 100/300cm, кои имаат многу помала дебелина од 3-6mm и дозволуваат да се прават површини со минимална употреба на фуги.

Еден од најновите трендови во италијанската керамика е кородирани дизајни во различни бои (зелена, кафеава, бела, бордо).

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-11.jpg

Но, доколку сакате плочките да бидат во прв план, и да се добие посебна топлина во домот тука се помалите димензии на плочки.

Имитациите на париските метроа, белите дијамантски плочки или правоагаолните плочки во една или повеќе бои и бохо стилот кој никогаш не излегува од мода се секогаш сигурна варијанта.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-01.jpg

Меѓутоа, имајте на ум дека овој тип на плочки бара многу помирен дизајн на кујна со помалку детали.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-12.jpg

Постои уште едно решение, а тоа е ѕидната плочка и плотната од кујната да бидат направени од истата плочка со поголеми димензии.

Плочката се лепи на помошна плоча (иверка, гипс картон..) и се прават специјални отвори за вградените елементи кои бараат вешти раце за изработка.

soveti-za-ureduvanje-na-vashata-kujna-od-kerapro-13.jpg

Бонус совет при избор на боја на плотна.

Кога постои спој на две површини од различни материјали можноста да ја погодите истата нијанса е многу мала т.е. секогаш ќе се разликуваат.

Затоа, секогаш бирајте бои со поголем контраст.

Боите може да се поврзат во група на топли или ладни, доколку плотната е дрвена, плочката мора да е со мирен дизајн или обратно - доколку плочките се шарени плотната да е монохроматска.

Доколку ви се потребни повеќе совети при уредувањето на домот и барате решение за идеален избор на плочки, обратете се во Керапро

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg