Македонски Телеком овозможи бесплатни разговори и СМС кон Турција и Сирија
- Детали
- четврток, 09 февруари 2023
Во знак на поддршка на населението погодено од катастрофалниот земјотрес, Македонски Телеком овозможи бесплатни интернационални разговори и СМС пораки кон Турција и Сирија за своите приватни и деловни корисници на фиксна и мобилна линија.
Бесплатни се и повиците и СМС пораките во роаминг на нашите корисници за време на престој во овие две земји во периодот од 10 февруари 2023 година (00:00 часот) до 20 февруари 2023 година (24:00 часот).
На овој начин роднините на афектираните лица ќе можат полесно да бидат во контакт со нив. Дополнително, вака им се дава поддршка и на лицата коишто обезбедуваат помош на лице место.
Граѓаните можат да ја изразат својата солидарност со донација од 100 денари на бројот 143 400, отворен во соработка со Црвениот Крст.