Како да се справите со симптомите на болно грло?

Болното грло е честа појава, особено во зимските месеци. Најчесто е предизвикано од вирусна инфекција, која поминува за брзо време, но сепак предизвикува нелагодност и болка. Надразнетото грло придонесува да се чувствуваме непријатно додека сме на работен состанок, предавање или следиме концерт/претстава.

kako-da-se-spravite-so-simptomite-na-bolno-grlo-01.jpg

Најчести знаци и симптоми на болно грло се: надразнето грло, црвенило на слузницата, печење во грлото и отежнато голтање. Во повеќето случаи, може да ја намалите болката со третмани подготвени во домашни услови. Воспаленото грло вообичаено поминува за период од една недела.

При состојба на воспалено грло предизвикано од вирусна инфекција, можете сами да си ја олесните болката. Најчесто се користат пастили за болно грло, но може да правите и плакнење на грлото со солена вода која делува како локален анестетик.

kako-da-se-spravite-so-simptomite-na-bolno-grlo-02.jpg

Исто така може да помогне и консумирањето на одредени течности или храна. Кај некои луѓе помага пиење на топли напитоци (чаеви или супи), додека кај други ладните пијалоци повеќе ја олеснуваат состојбата. При воспалено грло треба да се избегнува внесување на сува и тврда храна, која дополнително го надразнува грлото како: чипс, крекери, переци, житарки и сл. Наспроти ова се препорачува течна или мека храна како јогурт, супа или сладолед.

Она што е најважно при болка во грлото, е да консумирате доволно течности, пијте многу вода. Просторијата во која седите треба да има пријатна температура и да има доволно влага. Сувиот, но и загадениот воздух дополнително ја влошуваат состојбата со воспалено грло.

Се разбира, одморот има голема улога во процесот на брзо заздравување на организмот. Избегнувајте тешки физички вежби и потрудете се да имате доволно сон, сé додека не исчезнат симптомите.

kako-da-se-spravite-so-simptomite-na-bolno-grlo-03.jpg

Во третманот на болното грло се препорачуваат пастили кои можат да ја ублажат болката. Постојат пастили кои не содржат шеќер, а имаат тројно дејство:

  • Ја ублажуваат болката;
  • Го намалуваат воспалението;
  • Ги отстрануваат причините за инфекција.

За дополнителни информации за тоа како да си помогнете самите при појава на воспалено или болно грло, прочитајте повеќе на следниов линк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg