Македонски мажи со најдобар стил

Секој успешен маж, се труди да најде време за својата перфекција, иако нѐ секогаш постои расположение за обрнување посебно внимание на физичкиот изглед, треба да се најде мотив за сопствен стил. Настанот „Мажи на годината“, дава инспирација која остава белег во македонската јавност и се труди и понатаму да ги поттикнува мажите да обрнуваат се поголемо внимание на себе и нивниот печат во општеството.

makedonski-mazhi-so-najdobar-stil-01.jpg

Изборот „Мажи на годината“, последната недела од месец ноември оваа година ќе го има своето јубилејно петто издание, каде ќе имаме повторно можност да проследиме кои мажи со стил оставиле најголем впечаток.

На овој гламурозен настан, награди се доделуваат во 13 категории, но сепак само еден ќе ја добие наградата „Маж со најдобар стил“ како круна на својот труд, да остави впечаток и пример на стилски среден маж во нашата околина.

„Оваа награда ја доделуваме да стимулираме подобар стил кај мажите во Македонија и да ги поттикнеме да се грижат за себе и својот изглед без разлика дали пазаруваат, одат на бизнис состанок или во кино“ велат организаторите.

Непосредно пред да се одржи петтото издание, би сакале да се потсетиме кои се личностите што ја добија наградата „Маж со најдобар стил“ во изминатите четири години.

makedonski-mazhi-so-najdobar-stil-02.jpg

Оваа награда во 2018 година ја понесе господинот Никола Димитров, маж со сопствен впечатлив стил кој е пример како еден политичар треба да изгледа во политичкиот свет.

Во 2019 година наградата ја доби Енвер Малиќи, кој остави трага на господин и џентлмен кој долго ќе се памети.

Во 2020 година наградата му припадна на архитектот Пако Радовановиќ. Секој што го сретнал по скопските улици несомнено ќе каже дека е секогаш стилски дотеран од глава до пети, својата креативност ја надополнува со негување на традиционалните вредности кои вели дека се основата на џентлменството.

makedonski-mazhi-so-najdobar-stil-04.jpg

Во 2021 година наградата „Маж со најдобар стил“ ја доби Злате Мехмедовиќ, докторот со префинет моден стил, човек кој надвор од своите секојдневни обврски секогаш се стреми да постигне подобра верзија од себе и својот стил.

„И покрај сите предизвици со кои се соочивме во текот на годините, нашиот настан успеа да стане нешто по кое се препознаваат џентлмените, успешните и почитувани мажи, оние кои негуваат добри навики и целат кон успех во Македонија, горди сме што секоја година креираме настан со кој успеваме да им одадеме почит и внимание на оние кои оставиле белег во годината која е зад нас. – велат организаторите од Џентлмен Магазин.

makedonski-mazhi-so-najdobar-stil-03.jpg

Како и секоја, така и оваа година за наградата ќе одлучува стручна жири комисија составена од 25 членови.

Подгответе се за овој јубилеен спектакл во ноември, за заеднички да го прославиме успехот на мажите кои придонесуваат за поубаво општество за сите идни генерации.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg