CERMAT – најпознат бренд на сладолед според потрошувачите во Македонија за 2021 година!
- Детали
- вторник, 16 ноември 2021
Според истражувањето на пазарот што се спроведува втора година по ред со наслов „Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија 2021“.
16.11.2021 CERMAT е брендот на сладолед што е најпознат кај македонските потрошувачи согласно овогодишното истражување „Најпознатите брендови според потрошувачите во Македонија“, спроведено од компанијата за истражување, анализи и консалтинг „Инсајдер ИД“.
„Кој е, според вас, најпознатиот бренд во категоријата сладолед?“ е прашањето на кое најголем број од испитаниците или точно 23 % одговориле CERMAT, што е за 2 % повеќе од резултатите на минатогодишното истражување. Во истражувањето се анализирани вкупно 18 категории производи и опфатени се 1 250 активни потрошувачи на територијата на целата држава.
„Драго ни е што сме им прв избор на потрошувачите во државата. Сметаме дека тоа е резултат на повеќе фактори, но како најзначајни за нас се постојаноста во производството на квалитетни производи и ефектот на промотивните активности согласно нашата годишна стратегија. Ова е само потврда на успешната работа на сите вработени што се дел од компанијата“, изјавија од CERMAT.
Порастот на индексот на препознатливост го позиционира македонскиот производител на сладолед како сериозен потенцијален лидер во оваа категорија. Покрај сладоледот на македонскиот пазар, компанијата CERMAT во своето портфолио вбројува и понуда на останати супбрендови на замрзнати производи достапни во различен вид на продажните места низ сите градови во државата.
Повеќе за истражувањето може да дознаете на следниот линк.