А1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно“

Скопје, 25 февруари 2021г. – Од денес А1 Македонија продолжува со едукативни предавања за четвртоодделенците низ земјата, за безбедно користење на интернет, кои се во склоп на проектот „Интернетот не е само игра... Кликај безбедно!“.

a1-makedonija-prodolzhuva-so-edukativnata-programa-za-deca-internetot-ne-e-samo-igra-klikaj-bezbedno-01.jpg

„Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" е програма наменета за најмладите, со која вработените во А1 Македонија, преку интерактивни и интересни предавања, приспособени за возраста и на образовната програма, ги запознаваат учениците од четврто одделение и го збогатуваат нивното знаење за интернетот, како безбедно да бидат дел од светската мрежа, а притоа како да ги заштитат своите лични податоци.

Поради условите во кои се одржуваат часовите во училиштата, оваа учебна година работилниците ќе се одвиваат онлајн, преку платформата на MS Teams.

„Како компанија која е двигател на дигитализацијата во нашата земја, имаме одговорност да ги едуцираме најмладите членови на нашето општество разумно и внимателно да го користат интернетот. Сведоци сме на многу “темни страни” на интернетот, па затоа дигиталната писменост уште во најрана возраст е неопходна за градење на здрав и правилен однос кон можностите кои ги нуди виртуелниот свет. Оваа година ја продолжуваме иницијативата која долги години е пракса во нашата компанија, но адаптирана на новите услови во кои функционира наставата во училиштата. Нашите колеги се подготвени и во овие околности, преку онлајн работилници, да го пренесат сето знаење и да ги едуцираат учениците за како безбедно да го користат интернетот.” - изјави Методија Мирчев, Извршен директор на А1 Македонија.

a1-makedonija-prodolzhuva-so-edukativnata-programa-za-deca-internetot-ne-e-samo-igra-klikaj-bezbedno-02.jpg

Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Оваа година во склоп на програмата ќе бидат опфатени повеќе од 10 основни училишта од 6 градови во земјата - Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Тетово и Штип, а првото предавање е денес во ОУ “Блаже Конески” во Скопје.

„Министерството за образование и наука постојано се залага учениците во училиштата да го добијат сето основно знаење кое ќе им помогне за понатамошно стручно надградување во животот, а токму овој тип на едукативни предавања подразбираат втемелување на знаењето за една тема која е дел од нашето секојдневие. Наставата оваа година се одвива онлајн и учениците секојдневно се изложени на интернет, па затоа во нашите раце е како министерство, но и како општество да се погрижиме децата да се едуцираат и да бидат максимално подготвени за предизвиците кои ги носи дигиталниот свет.” - велат од Министерството за образование и наука.

a1-makedonija-prodolzhuva-so-edukativnata-programa-za-deca-internetot-ne-e-samo-igra-klikaj-bezbedno-03.jpg

Иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во земјава започна во 2013 година, додека проектот „Интернетот не e само игра... Кликај безбедно!" креиран за четвртоодделенците во соработка со Министерството за образование на Република Северна Македонија започна во февруари 2018 и истиот досега има опфатено 21 училиште ширум земјата и едуцирано повеќе од 2000 деца на таа возраст. Заложбата на А1 Групацијата е до 2023 година на групациско ниво преку тренинзи и работилници на тема дигитална писменост да се едуцираат нас 100.000 деца и возрасни.

Едукативната програма „Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg