Запознајте ги Иво, Стефан и Вероника – млади архитекти кои создадоа одлични урбани решенија инспирирани од логото на ИутеКредит
- Детали
- четврток, 25 февруари 2021
Иво Лазароски и Стефан Жупан од Охрид се добитниците на првото место на конкурсот за дизајн на идејно архитектонско решение за урбана опрема распишан во декември минатата година од страна на Ерор Колектив, а поддржан од ИутеКредит Македонија.
Идните архитекти кои во моментов студираат архитектура во Љубљана и Милано изработија креативен проект кој содржи елементи за одмор и вело-паркинг, а дизајнот на истите е инспириран од логото на финансиското друштво ИутеКредит.
„Идејата за проектот доаѓа од брендот на ИутеКредит, поточно од поимањето на симболот на логото како основен геометриски образец. Со негово развивање во простор се добиваат неколку композиции, варијанти на иста тема, кои одговараат на потребите за секоја локација засебно. Материјалноста и диспозицијата на секој елемент прават дистинкција на програмата - одмор и вело-паркинг. Сметаме дека скулптуралноста на елементите им дава идентитет и дека тие ќе постанат места, препознатливи за корисниците на ИутеКредит, но и за случајниот минувач“, велат Иво и Стефан кои се надеваат на уште многу вакви проекти по завршувањето на своето образование.
Второто место ѝ припадна на Вероника Османли која е автор на концептот на урбана опрема наречен „Иуте Оригами“. Нејзиното идејно решение се темели на геометризирање на логото со што се добиваат неколку основни форми, чиишто комбинации на поврзување генерираат повеќенаменски, адаптибилни конфигурации.
„Триаголникот како форма привлекува внимание, дава чувство на разиграност, но и униформност и препознатливост. Интервенирано е со препознатливата црвена боја на Иуте брендот. Модуларноста и можноста за многубројни комбинации ја симболизира креативноста и просперитетот на компанијата. Сите овие атрибути јасно го претставуваат брендот ИутеКредит Македонија“, појасни Вероника чиј еко-ентузијазам кон кој таа секојдневно се придржува и стреми е забележителен и во самото идејно решение.
ИутеКредит Македонија ги награди победниците на овој конкурс со парична награда од 600 евра во денарска противвредност за освoeно прво место и 300 евра во денарска противвредност за второ место.
Со овој конкурс, ИутеКредит Македонија како општествено одговорна компанија сака да даде поддршка за развивање на креативната мисла и работење и да ги поддржи сите млади архитекти и здруженија во нивните проектни активности. Наскоро и двата проекти ќе најдат свое место блиску до локациите на ИутеКредит низ Македонија.