Каква е улогата на млекото во организмот?

Тоа што сме буквално задоени со млеко и тоа што барем до првите три години од животот, голем дел од исхраната е базирана на млекото, ја покажува улогата на млекото во развојот на организмот.

kakva-e-ulogata-na-mlekoto-vo-organizmot-01.jpg

Со својот состав млекото влијае врз многу витални процеси во организмот. Како извор на мноштво хранливи елементи кои се од исклучителна важност за развојот и благосостојбата на телото, млекото е целосно здрав напиток за сите возрасти.

Една од најзначајните улоги на млекото е дека е извор на минералот калциум, којшто е одговорен за градбата на коските и забите. Само една чаша млеко дневно го снабдува организмот со 20% од дневните потреби од овој минерал. И другите состојки од млекото имаат свое влијание врз состојбата и цврстината на коските, како фосфорот, калиумот, протеините, витаминот К2. Сите овие хранливи материи се важни за одржување на силни и здрави коски, а млечните протеини се клучна хранлива материја за здравјето на коските. Протеините од млекото во сооднос 20 проценти сурутка и 80 проценти казеин, имаат и дополнителна функција. И двата вида се високо квалитетни протеини, но сурутката е позната како „брз протеин“ затоа што брзо се разградува во аминокиселини и се апсорбира во крвотокот. Овие аминокиселини се особено корисни за градење на мускулите, спречување на губење на мускулната маса и обезбедување енергија.

Млекото е извор и на калиум, којшто пак помага при регулирање на крвниот притисок. Калиумот ги релаксира ѕидовите на крвните садови, го намалува крвниот притисок и штити од грчеви во мускулите. Во една чаша млеко може да има од 300 до 400мг калиум.

Млеко чиј состав е збогатен со витамин Д, како што е Свежото битолско млеко збогатено со Д3 или Битолското млеко со 10 витамини, каде освен Д има уште 9 неопходни витамини, е посебно корисно затоа што на телото суштински му е важен витаминот Д за да го апсорбира калциумот. А доколку организмот нема дополнителен извор на доволно калциум, го црпи калциумот од складираните количини во скелетот односно коските, што ја ослабува постојната коска и спречува формирање на силни, нови коски.

Покрај овие клучни функции, млекото збогатено со витамини влијае и врз одржување здрави црвени крвни клетки и нервното ткиво со помош на витаминот Б12, одржување на здрав имунолошкиот систем преку Б6, одржување на нормалниот вид и здрава кожа преку витаминот А, претворање на храната во енергија со помош на витаминот Б2. Витаминот Б5 помага за  регенерација на телото и надминување на заморот, а Б3 дава енергија и сила за сите предизвици кои ги носи денот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg